• Latest

Што значи падот на руското „сајбер зло“?

July 19, 2021

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Христијан Мицкоски, ОН, 25 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА: Христијан Мицкоски во ОН

September 28, 2026
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Што значи падот на руското „сајбер зло“?

July 19, 2021 17:52
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На 13 јули, паднаа серверите на руското „сајбер зло“. За што се работи? Да почнеме од малку подалеку, ама да не отидеме предалеку…

Познат е рускиот „дипломатски“ став дека сè што е лошо за Европска Унија и САД е добро за Русија. Од природни непогоди, до поларизација, политичка и економска нестабилност, радикализација, немири и насилства – сето тоа се состојби и настани кои за руската авторитарна клика се „добри вести“. По долго време, оваа година се бележат првите успеси против авторитарните режими и меѓународното криминално подземје кои водат хибридна војна против демократијата.

Антизападните машинерии и меѓународните криминални мрежи (не само руските), вредно работат на поткопување на западните демократии на најразлични начини, меѓу кои највидливи и наинтензивни се кампањите со дезинформации и сајбер нападите.

Светската јавност беше поделена дента кога, за време на Самитот Г7 на 16 јуни, се сретнаа двајцата претседатели, американскиот и рускиот. Едни сметаа дека тоа е многу значајна средба, други дека е само уште еден самит на врвот на светот од кој не може да се очекува премногу, трети дека е значаен, но преуранет, особено затоа што Бајден е претседател на САД одвај половина година.

Но од самиот почеток на таа средба која траеше четири часа, светот можеше да забележи дека нешто, сепак, се променило. Рускиот автократ (или: диктатор, како што го нарекува опозицијата по дома) пристигна малку пред Бајден кој, пак, пристигна точно на време. Рускиот државник е познат по своето доцнење, од неколку минути до неколку часа, што е дел од неговата power game (игра на моќта). На прес конференцијата по средбата со американскиот лидер, вообичаено студениот Путин покажа јасни знаци на умор и вознемиреност.

На најголемиот американски национален празник, Денот на независноста, 4 јули, руската дарк веб мрежа наречена REvil спроведе еден од најжестоките во историјата на сајбер нападите (Ransomware Evil: ransomware – софтвер што се користи за уцени и изнудување, evil – зло). Меѓу 800 и 1.500 компании во САД и ширум светот беа нападнати на тој ден.

Пет дена подоцна, на 9 јули, Бајден во телефонски разговор го предупреди Путин дека ќе го возврати нападот. И дека ова е последната шанса за Путин да преземе чекори да се запрат сајбер нападите од руска страна. Запрашан од новинарка, дали ако Путин не преземе ништо во врска со сајбер нападите од руските сервери, тој ќе нареди контранапад, Бајден со насмевка кратко одговори: „Yes!“ (во превод: да!).

Дали по наредба на Путин или поради контранапад по наредба на Бајден, засега не е познато, но руското „сајбер зло“ исчезна на 13 јули наутро. Неизвесно е и дали може да се очекува руското „сајбер зло“ да се појави под ново име со уште поголеми капацитети и пожестоки напади. Непознато (за пошироката јавност) е и дали руското „сајбер зло“ е под директна контрола на Путин или е само интернет разбојничка банда што ужива во неказнивоста на рускиот државен апарат.

Едно е извесно. Хибридната војна влезе во нова фаза. Резултатите од „западната контраофанзива“ допрва ќе се почувствуваат и во останатиот дел од светот. Засега, прва жртва на политичко-безбедносниот одговор на руското „сајбер зло“ е REvil. И ова е само почеток.

Знаци за тоа дека хибридната војна навлезе во нова фаза се чувствуваат и во нашата земја. Одговорот доаѓа во вистински миг, затоа што наесен ни претстојат пописот на населението и локалните избори.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ