• Latest

Шурковиќ: Мора да ја намалиме добивката што ја очекуваат одредени медиуми по ширењето дезинформации

July 28, 2021
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шурковиќ: Мора да ја намалиме добивката што ја очекуваат одредени медиуми по ширењето дезинформации

July 28, 2021 13:30
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Бидејќи ова е феномен што влијае на речиси сите аспекти на човековите права, размислував на што да се фокусирам денес, затоа решив да се вратам на мојата позадина на криминологијата и да се обидам да објаснам хибридни напади и дезинформации од наша криминолошка гледна точка, заедно со превенцијата, се разбира, во контекст на Босна и Херцеговина.

Хибридната закана е сè потешка за следење и реакција. Вистинската состојба на сајбер напади не е опфатена во ниту една статистика. Три фактори создаваат кривично дело.“, го започна своето излагање Амина Шурковиќ, на конференцијата „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ во организација на ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум  и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).

„Првиот фактор е намерата, поединецот или групата мора да имаат способност и знаење. Важно е да се нагласи разликата помеѓу лагите и фактичките грешки. Едно лице може да даде фактички неточна изјава верувајќи дека е вистина. Намерата за измама е таа што ги одделува овие две категории.

Вториот фактор се напаѓачите. Луѓето или групите кои стојат зад сајбер-нападите и дезинформациите. Некои вообичаени мотиви се профитот, одмаздата, политичките фактори и други емоционални потреби.

Зошто луѓето се однесуваат толку поинаку кога се преселуваат во сајбер-просторот? Флексибилноста на идентитетот, анонимноста и поединците понекогаш прават дела во групи што никогаш не би ги правеле поединечно, што е дел од тој масовен менталитет. Примери се политички мотивирани сајбер-криминалци кои се членови на екстремистички и радикални групи и користат Интернет за ширење пропаганда, напад на веб-страници или нивни политички непријатели.

Третиот фактор е можноста. Можност да се изврши делото, што значи да се пренесат дезинформации. Целта на стратегијата за превенција е да им го отежни пристапот на потенцијалните прекршители на целта, што значи да се зголеми ризикот од фаќање. Онлајн медиумите немаат законска обврска да објавуваат информации за регистрација, контакт или сопственост. Повеќето онлајн платформи не се под никаков вид надзор. Нема пречки да ги спречат во ширењето дезинформации. Значи, мора да ја намалиме добивката што ја очекуваат по ширењето дезинформации. Ова може да се постигне со развој на критички вештини и медиумска писменост. Дезинформациите слабо, или воопшто не се препознаваат како можна закана, така што скоро и да нема јавна дебата за одговори на истите. Ниската свесност за сајбер-безбедноста и медиумската писменост го прави населението поранливо на криминал или соодветна публика за манипулација.“, наведе Шурковиќ.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ