• Latest
Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

February 6, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

February 6, 2026 13:34
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Немилосрдното трошење народни пари за туристички екскурзии на голем број  државните функционери и уште поголем број нивни пратители, и покрај изјавата на министерката Божиновска  – „како што знаете буџетот не ни е во најдобра состојба“ – продолжува, и тоа со засилено темпо. И додека граѓаните мака мачат да го преживеат месецот со најмалата минимална плата во регионот, за која Владата нема ни слух ни воља да ја зголеми, и покрај галопирачките цени, државните функционери, кои секако добиваат солидни покачувања, патни трошоци, дневници, надоместоци , истовремено се шетаат по белиот свет со пари од истиот тој буџет кој нели, не е во најдобра состојба, а го полнат осиромашените граѓани.

Моментално, во ист период, две масивни државни делегации се наоѓаат на различни дестинации во светот. Собраниско/министерска делегација, во прилично широк состав (претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателите  Антонијо Милошоски и Јован Митрески, како и  владината делегација составена од министрите Стефан Андоновски и Златко Пирински и Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, плус непознат број помошници), отпатува во САД (по кој знае кој пат „бесцелно“ да се најде во „периметарот“ на Трамп) на, еден „многу значаен“ собир – молитвен појадок во Вашингтон. Меѓу остварените “многу значајни“ средби на маргините на настанот, министерот Андоновски се пофали дека, меѓу другото, , оствариле значајни средби со Меѓународниот републикански институт (IRI) и разговарале за зајакнување на политичкиот дијалог, поддршка на демократските процеси и можностите за продлабочување на соработката, со посебен акцент на дигитализацијата како алатка за зголемување на транспарентноста, интегритетот и ефикасноста на институциите.

Тоа е истиот оној Меѓународен републикански институт (IRI) кој го затвора своето претставништво во Скопје со постапка започната на 1 август 2025 година, врз основа на одлука за престанок со работа донесена на 18 јуни 2025 година.

Истовремено, на другата страна на светот, до Дубаи се прошетаа претседателката Силјановска Давкова, со (според неофицијални информации поради нетранспарентноста на кабинетот на претседателката), заменик генералниот секретар,Горан Момировски, плус и неговиет заменикот на заменикот, „појачани“ со миниетрот за надворешни, Тимчо Муцински, со сѐ уште неколкумина од придружниот персонал, разбира се.

На Самитот на влади во Дубаи , госпожата претседателка имаше обраќање на сесија посветена на демографските промени, каде, меѓу флоскулите како да се задржат младите во земјата, на присутните им раскажа една приказна, дека  National Geographic го прикажал наградуваниот документарен филм инспириран од една македонска народна приказна за „Силјан Штркот“, и дека оттука доаѓало и нејзиното моминско презиме, Сиљановска, за да констатира дека „Штрковите не носат бебиња’, но, таа тоа, нели, само како симболика.

Највисоката функција во државата повлекува одговорност, не само лична, туку и државна. Без оглед на тоа колку самитот на кој никој во светот не му придава големо значење, тоа што го кажува на јавна сцена е дел од имиџот на сите нас. На стручни семинари и симпозиуми како професорка може да се брука колку сака, ама не и кога ја претставува државата. Срамота е!

А срамота е и во вакви услови на беспарица, во кои живее сê поголем дел од граѓаните, високите државни функционери со свитите да се „чекираат“ на далечни егзотични патувања, душмански дотрошувајќи ги парите од и онака сê потенкиот буџет, само го покажува немањето сенс за водење грижа за истите тие граѓани кои ги гласале, и од чии пари се платени.


Текстот е личен став на Авторот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ