„Деновиве ги слушам. Сите одлучиле, што можете вие. Сега еве и претседателот го слушам за некој нов реализам. Реализам па нов. Интересна работа.
Значи вака, јас знам дека се тие практични и прагматични и дека сакаат да си решат некој проблем, ама решавањето понекогаш може да биде под наводници и да отвори нов проблем. Значи дури и со интерпретација на оваа преговарачка рамка поинаква, оти не зборуваме за Библија или за Куран, не зборуваме за Талмуд, за Тора. рече во интервју за МИА, Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
„Зборуваме за Преговарачка рамка. Значи ако во преговарачката рамка напишале дека влегува и Договорот за пријателство и добрососедство и во тој Договор за пријателство и добрососедство има преамбула во која се вели дека Бугарија се обврзува дека ќе ја помага Македонија на патот…ако е вето помош тогаш јас имам проблем со познавањето на европското право“, посочи Давкова.
За информациите што деновиве се појавија во јавноста дека би можело да има уставни измени дури и со се уште актуелниот состав на Парламентот, или предлозите политичарите да се „затворат’ веднаш по инаугурацијата на новиот претседател и да се договорат или за оној за уставни измени до Нова година, Силјановска Давкова вели дека „тоа е страшно бидејќи кажуваме дека не го почитуваме Уставот односно постапката за промена на Уставот“.
Н. А.