• Latest

Синдикатот добил ветување од Владата дека ќе се најде трајно решение!

June 29, 2017

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикатот добил ветување од Владата дека ќе се најде трајно решение!

June 29, 2017 12:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на синдикалната на прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ вчера имаа средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, којашто траеше до доцна синоќа. Притоа, според синдикалците, Анѓушев им ветил итна исплата на една плата и придонеси за здравство, со цел вработените да прекинат со штрајкот, и да продолжат со работа. Наскоро се очекува смена на раководството во оваа единствена фабрика за наменско производство за потребите на одбраната и безбедноста, со целосно државен капитал

„Нѝбеше ветено и дека следна плата ќе ни биде исплатена до 20 јули, а потоа, уште една во август. Исто така, од вицепремиерот Анѓушев добивме ветување дека ќе се запознае целосно со проблемите во фирмата, и ќе се бара, чекор по чекор, конечно решение за овој загубар“, изјавија за ЦИВИЛ Медиа, претставници од синдикатот.

Синдикалците денеска имаат средба со вработените, на која ќе одлучат дали ќе го прекинат штрајкот. ЦИВИЛ Медиа дознава и дека наскоро се очекува смена на раководството во оваа единствена фабрика за наменско производство за потребите на одбраната и безбедноста, со целосно државен капитал.

„Не сме задоволни ниту од ова, ниту од претходните раководства, сите директори се блиски на партијата која што е на власт, но факт е дека никој од нив досега не работеше во интерес на фирмата и вработените, туку за да си ги штити своите, лични интереси! Но, веќе нема простор натаму, овој пат, очекуваме да се именуваат квалитетни кадри, со кои што ќе се реши конечно прашањето на ‘Еурокомпозит’“, порачуваат вработените.

Во овој загубар се вработени 280 лица на возраст од над 50 години. Од почеток на транзицијата, „Еурокомпозит“, како фирма ќерка на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, стои на стаклени нозе. Вработените добиваат плата, речиси само со штрајк. Работа никогаш нема обезбедено за целата година, не се искористени расположливите капацитети, а ресорните министерства за внатрешни работи и за одбрана склучуваат од време – навреме, парцијални договори што се рефлектира врз финанскиот биланс на фирмата. Од 2012 не им е платен стажот на вработените, регистрирана е во меѓувреме нова фирма „Композитна опрема“ за која работат два часа дневно, и преку таа фирма им се плаќаат придонесите за здравствено осигурување… Прашањето е: до кога вака?

Моника Талеска

Tags: „Еурокомпозит“владаКочо АнѓушевплатасиндикатШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ