„Самата синтагма „рамковни административци“ е дискриминирачка, вкалапува луѓе со различни идентитети, професии, нивоа на стручност, етничка припадност итн. во една категорија, што за јавноста обично се препознава како „нестручни и неспособни Албанци вработени од ДУИ“. Ама се користи.
Говори многу за тие што ја употребуваат. Во овој текст, затоа, ќе ја читате во наводници.
– Кога сме веќе кај Албанците, што мислите, кој е најдискриминиран во целата ситуација на „рамковни вработувања“?
Ако тие вработувања биле предвидени токму за нив, за да се елиминираат резултатите од претходната дологогдишната дискриминација и невработување на Албанците во јавниот сектор, а ги добиваат и нестручни и некомпетентни партиски војници, белким најдискриминирани се способните Албанци, кои не ги добиле тие места. Или можеби нема такви?
Цитат од колумната на Петрит Сарачини „Што покажува јавната дебата за „рамковните“ што конечно треба да ја заработат буџетската плата?“, објавено на 24 април, 2021
image credits: Photo by Damir Samatkulov on Unsplash
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.