Сириски бунтовнички организации обвинија дека 23 цивили, меѓу кои и четири деца, биле убиени во денешните воздушни напади на владините сили врз преградието на Дамаск, Источна Гута.
Источна Гута е едно од најголемите преостанати упоришта на бунтовниците во Сирија и беше цел на напад со хемиско оружје во 2013 година и е изложена на постојано бомбардирање и артилериски напади.
Според бунтовничките извори, во нападот биле ранети и ококу 70 цивили.
Во областа Беит Сава пак бил нападнат пазар, а во еден од воздушните напади бил убиен припадник на хуманитарната организација Бели шлемови.
Во северозападната област Идлиб, според бунтовнички извори, сириската армија бомбардирала две болници.
Нападите следат откако бунтовнички групи во текот на викендот урнаа руски воен авион над Идлиб и го убија пилотот.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.