Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот, луѓето на ЦИВИЛ беа во комуникација со стотици граѓанки и граѓани, 300 и повеќе набљудувачи, десетици соработници во повеќе акции, десетици новинари, претставници на институции… Прославија и неколку родендени на своите колешки и колеги… Повеќето членови на тимот на ЦИВИЛ секојдневно користат јавен превоз, вклучително и меѓуградски автобуси. Организацијата е во постојано движење и акција.
На 28 јули, луѓето на ЦИВИЛ се подложија на скрининг за коронавирус, овозможен од ЗНМ и Министерството за здравство. Денеска пристигнаа резултатите од тестирањето. Сите членови на Координативниот тим и Редакцијата на ЦИВИЛ се негативни на коронавирус.
Ова е извонреден пример за тоа дека строгото придржување до здравствените протоколи и мерките за заштита од коронавирусот се гаранција дека можеме да го сочуваме нашето и здравјето на другите. Мерките се едноставни, треба само доследно да се придржуваме до нив.
Им благодариме на ЗНМ и Министерството за здравство за укажаната можност и им порачуваме на сите граѓанки и граѓани да се придржуваат до едноставните мерки за заштита од коронавирусот. Носете маски, одржувајте дистанца и хигиена.
Со најдобри желби,
Вашиот ЦИВИЛ