• Latest
Добро утро со Орданоски

Сите сонуваат државна плата

February 12, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Сите сонуваат државна плата

February 12, 2019 07:05
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]П[/dropcap]осле секоја промена на власта во Македонија, една бројна, освојувачка армија брзо ги опседнува ѕидините и портите на тврдината на државата: армијата од внуци, деца, први и втори братучеди, тетки, стрини и зетовци и секакви други одамна подзаборавени роднини, кумашини и сватови на функционерите на секоја нова власт. Таа армија составена од упорни, а често и напатени луѓе, секојдневно кампува пред општинските канцеларии на градоначалниците, во фоајеата на јавните претпријатија, во ходниците на државните комисии и по чекалниците на независните регулаторни тела, во исто толку голем број како и пред вратите на министерските кабинети.

Сите тие се надеваат на вработувања „на државна плата“.

И на секоја нова власт ѝ се случува истото како и на претходната: кога се во опозиција и дури и на ден-два пред да победат на изборите, жестоко ја критикуваат претходната власт за широко распространетиот непотизам при вработувањата во јавната администрација; а откако ќе победат на изборите и ќе се вселат во државните и јавни „кабинети на моќта“, почнуваат своите организации – прво пополека, повнимателно, а потоа без многу усул и „кочење“ – да ги полнат со припадниците на армијата што им виси по ходниците, на телефоните, по куќните слави, на оро на венчавките и низ капелите на погребите…

Како што своевременo велеше Марио Куомо, демократскиот гувернер на државата Њујорк, формулата во политиката е следна: „Водите кампања како поезија, а владеете со проза!“

Во времето кога сегашната опозиција беше на власт, ним работата им беше полесна, бидејќи толку ја „експлодираа“ јавната администрација со секакви, илјадници вработувања што, во таа општа „поплава“, стотиците роднини и оние со други семејни релации не се ни забележуваа кога и тие се впишаа во државни јасли.

Со сегашнава власт е поинаку: рецитираа долги поеми додека беа во опозиција; сега секојдневно читаат кратки раскази, како список од телефонски именик, на вработени со исти први или додадени презимиња.

Мноштвото во јавноста е скандализирано. До моментот кога, поединечно, некој нивни поблизок роднина нема да добие шанса трајно да се вработи кај чичко му, кој е на привремена државна функција.

„Види, вака, внучко“, ми раскажува еден функционер што му рекол вујко му на минатата семејна зимска слава. „Сега ти си на власт, а син ми, братучед ти, кој заврши факултет за туризам, е невработен. Ако не го вработиш, ќе замине во странство, на работа по бродови. Значи, пред целата наша фамилија ти ќе бидеш виновен за тоа што ќе ми отиде детето јабана. А ти види!“…

Всушност, можеби не е најголемиот проблем на сегашната власт што и нејзините функционери вработуваат свои роднини и партиски кадри, како и сите претходни. Поголем проблем е што НЕ ОТПУШТААТ никого од работа. Овие сегашниве како да работат на заокружување на проектот на Груевски за враќање на социјализмот во Македонија, кога државата ќе ви биде и татко и мајка, и партнер во бизнисот, и главен вработувач, и најголем играч на сите пазари на стоки и услуги, и ќе ви кажува од тоа колку деца да имате, до тоа за Велигден задолжително јајца да фарбате…

За таква држава треба десетици илјади службеници на буџетска плата. Што дека неколку стотици од нив се синови и ќерки на едикојси функционери!?

П.С. И, да не заборавам: доста веќе со „баџанакот на Талат Џафери“! Човекот го избраа, во голема конкуренција, на одговорна позиција низ најтранспарентна постапка што е спроведена во историјата на македонските именувања за јавни функции. Па, што ако му е баџанак на Џафери?! Зошто и кому треба да се извинува заради тоа, уште пред да видиме дали таа релација ќе му влијае врз совесното и професионално извршување на работата?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share301TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ