• Latest
Добро утро со Орданоски

СЈО, баксуз невиден!

March 26, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

СЈО, баксуз невиден!

March 26, 2019 07:42
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]К[/dropcap]акви времиња дојдоа, Крсто Муковски и дружината да ја решаваат судбината на СЈО! Да мора и еден Мицкоски да оди да ги моли заедно да го уништат овој правосуден експеримент кој во одреден момент – не е претерано да се каже – одигра улога да ја врати Македонија од работ на комплетното губење на довербата во иднината и на државата и на каква-таквата демократија во неа.

Којзнае што им ветува лидерот на опозицијата на „предавниците“ по кои, само пред неколку месеци, ги фрлија сите дрва и камења со кои располагаа околу обидот да го спречат усвојувањето на Договорот од Преспа и приемот на Македонија во НАТО. Можеби им ветува дека ќе ги вратат во партијата, со сите чести и почести? Можеби им ветува дека ќе ги стави на кандидатските изборни листи и на следните парламентарни избори кои, имено, би се случиле многу поскоро доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да го избрише СЈО од регистарот на „фирми“ (заведена под графата „компанија со мешовит, домашен и странски капитал“) во македонскиот правосуден регистер? Или оди за во детали да ги потсети дека половина од бившото раководство на партијата е под сомнение или со активни обвиненија за сторени тешки кривични дела од областа на организираниот криминал…

Како тоа Муковски и неговата амнестирана дружина да не го знаат: „По тоа прашање чукаш на отворена врата“, веројатно му рекол Крсто на Христијан, половина на шега, а половина на зафрканција, бидејќи за таа работа не ни може да се води сериозен муабет со организаторот на повиците токму овие пратеници да бидат линчувани во своите домови кога решија со своето гласање, спасувајќи се себеси, да ја спасат и Македонија. Или беше обратно?

Бидејќи шефот на пратенициве е во притвор, а шефот на Мицкоски е во Будимпешта, можеби на средбата си размениле телефони за да се посетат во првата згодна, наредна прилика, на некое пропатување, со цел да си поприкажат за минатите, добри времиња? Едниот чека пуштање од притвор, другиот екстрадиција од Унгарија, може и да се сретнат некаде на пол пат…

Од другата страна, пак, стои Заев кој, со упорност на мазга, тврди дека договор и за СЈО ќе се постигне. Мислиш слеп е при очи, оти од ова што се гледа, јасно е дека на две третини од Собранието, а не обратно, им одговара СЈО да го нема.

Но, сите знаеме колку е опасно тој неоснован оптимизам кај премиерот повторно да се потцени. Кога му тргна од 2014 година наваму – сакаш ли „бомби“, сакаш ли преговори во Пржино, сакаш ли добивање мандат од Иванов, сакаш ли формирање влада, сакаш ли договор и со Грција и со Бугарија, сакаш ли уставни измени, сакаш ли ДУИ… – Заев уште не може да го исклучи „багерот“ со кој го рамни теренот пред себе остварувајќи ја победоносната агенда и за себе и за својата партија. Едно чудо поддршка изгуби во меѓувреме, и пак не се предава, запнал да ја среди државата и наспроти комоцијата на повеќето граѓани да си живеат во самосожалување дека подобро, на овој свет, не се може.

Мора да е Мицкоски со таа страотна мисла на ум појден кај „предавничките пратеници“ за кои тврдеше и бараше историјата да ги осуди до седмо колено, и наназад и нанапред, со бапски клетви пострашни и од закани со активирање банкарски гаранции. Бидејќи маката на Мицкоски е голема: ако сега, пред избори, не го урниса СЈО и на Заев му појде од рака да ја протне Јанева низ „иглените уши“ на правосудните реформи – велам, невозможна мисија според сите здраворазумски собраниски политички математики – тоа ќе биде лош знак и за самиот исход на изборите, таман кога изборните анкети покажуваат дека и поразот ќе може да се толкува како победа, макар и за внатрепартиски цели.

Да, да, СЈО, баксуз невиден!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share385TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ