• Latest

Скенирањето на сметките против инфлацијата

March 3, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Скенирањето на сметките против инфлацијата

March 3, 2026 11:23
in СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Уважениот професор Шукарев неодамна напиша на својот Фејсбук профил дека повеќе добива од скенирањето на сметките за купена стока отколку од порастот на пензијата која веројатно ќе остане на она „универзално“ поместување од 1.000 денари по корисник по мартовското усогласување.

Уставниот суд, кој нормално требаше да го спасува системот на кој се одредуваат усогласувањата, што се вели не само кај нас туку и во целиот НОРМАЛЕН СВЕТ, тоа не го стори, падна на најниски гранки од кога знам или се интересирам што прави оваа институција.

Имено, Судот толку ниско ја наведна кичмата пред дневната политика по ова прашање што ниту едно од оние соопштенија и привидни отворања пред јавноста што се вршат во последно време не се вредни да се споменат, кога мислењата и ставовите на самите судии се менуваат преку ноќ, пред очевиден притисок кој се врши веројатно поединечно врз нив по ова прашање (значи и за други теми) зад врата!

Во исто време рецесивната политика и кон платите се покажа вчера кога претставникот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја напушти последната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), револтиран од предлогот минималната плата да се усогласи за само околу 1 600 денари. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, преку социјалните мрежи обвини дека Владата, работодавачите и останатите синдикати застанале на иста страна против реално зголемување на примањата на работниците.

Според Трендафилов, денеска имало обид законското усогласување на минималната плата да се протурка без суштинска дебата за реалните потреби на работниците. Трендафилов децидно посочи дека Сојузот на синдикати нема мандат да учествува во вакво усогласување, поради што нивните претставници демонстративно ја напуштиле седницата на ЕСС.

Јасно, власта го искористи трикот за да дозволи кој стигне да се смета за синдикат па сите нејзини „квисковци“ во оваа сфера ги прогласи за регуларни гласачи, па во еден изнуден мизансцен си ја изигра претставата по која капиталот ќе ја зголемува својата добивка на сметка на празните стомаци!

Ете тоа се случува во земјата во која министерката за финансии не знае каде и се изгубиле 200 милиони евра од Буџетот?!


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ