• Latest

Села: Не се враќаме во Влада, но во политиката нема „не“

March 18, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Села: Не се враќаме во Влада, но во политиката нема „не“

March 18, 2018 18:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека нема да се вратат во Владата бидејќи станува збор за достоинство.

–  Не верувам дека таква шанса да се вратиме во Влада ќе има, бидејќи се работи за достоинство. Но, во политиката никогаш не постои „не“, но од друга страна во вакви околности не, изјави Села за РСЕ.

Во врска со носењето на Законот за употреба на јазиците, Села оцени дека Законот „е многу важен закон за албанското општество тука во Република Македонија и мислам дека не треба да се дели дали е тоа дел од реформите или не е дел од реформите“.

–  Дел од реформите е почитување на елементарните права на граѓаните, употребата на јазикот е елементарно право на секој граѓанин. Изјавите на некои, како што тврдите вие, претставници на амбасади мислам дека се неодговорни и можеби не ги знаат доволно политичките случувања и затоа даваат такви изјави, изјави Села.

Во врска со тоа дека законот е донесен без дебата, оцени дека тоа не е вистина.

– Зборуваме дека законот е донесен без дебата што не е вистина. Можноста за дебата во врска со законот имале сите. Забораваме дека во 2008 беа донесени над сто закони, меѓу кои и законот за употреба на јазиците од страна на истите политички актери кои сега се спротивставија на законот и кои бараа да има јавна дебата. Паметите во 2008 како се донесе законот? Значи ова беше непотребна реакција од нивна страна, рече Села. Ова е само играње политики и патриотизам пред народот, а не им е тоа целта, бидејќи истите политички актери, јас многу добро сум информиран, кога беше во прашање да се формира ново мнозинство го прифатија истиот закон и не се согласуваа само со Специјалното јавно обвинителство. Значи се работи само за театар, за ништо друго. Овој закон за волја на вистината требаше да се донесе во 2004 година кога требаше да се исполни законската рамка на Охридскиот рамковен договор, значи доцниме 14 години, рече Села во интервју за РСЕ. 

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: Влада на Република МакедонијаЗиадин Села
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ