Јавниот увид во Избирачкиот список сè уште е во тек. Според последниот преглед на Државната изборна комисија, заклучно со 5 септември, досега 19. 470 граѓанки и граѓани провериле дали ќе можат да го остварат своето гласачко право на локалните избори.
За 15 гласачи, ДИК донела решение за нивно внесување во Избирачкиот список, 7 гласачи се избришани, 23 побарале промени на одредени податоци, а на 7 гласачи им е поништено живеалиштето.
Крајниот рок за проверка е 9 септември.
Со оглед, на сè поголемиот број пријави на адресата на ЦИВИЛ за нерегуларности во Избирачкиот список, од организацијата апелираат граѓанките и граѓаните да ги искористат и двете опции за проверка на Избирачкиот список, во самите Општински изборни комисии или со електронска проверка.