• Latest

Славјанка Петровска за ЦИВИЛ медиа: Армијата е секогаш тука за граѓаните да се чувствуваат сигурни и безбедни

December 29, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Славјанка Петровска за ЦИВИЛ медиа: Армијата е секогаш тука за граѓаните да се чувствуваат сигурни и безбедни

December 29, 2022 09:39
in ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Хибридните напади, сајбер нападите и заканите се современото оружје каде жртвите можеби физички не се гледаат, но сепак настанува пореметување на целиот систем, а Северна Македонија изминатиот период е предмет на многу вакви закани, кои засега влијаат само психолошки на граѓаните, вели за ЦИВИЛ медиа министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Ние во министерството имаме еден сегмент, а тоа е сајбер одбраната каде сме максимално посветени, а во буџетот се одвоени доволен број на средства со кои ќе направиме континуирано зајакнување на капацитетите и софтверските алатки како и инвестиција во човековите ресурси, додава таа.

Како што вели Петровска, засега за контролите во трговските центри, па и во училиштата поради заканите со бомби полицијата има доволно капацитети за да проверка и не се јавила потреба да бидат ангажирани припадници на Армијата, но сепак како што додава во својата новогодишна порака, Армијата е секогаш тука за граѓаните да се чувствуваат сигурни и безбедни.

Северна Македонија втора година е дел од НАТО Алијансата и како што вели Петровска тоа не значи само прдобивки за земјата туку и активен придонес како преку учество во мисиите така и преку развој на националните капацитети.

-Во Криволак бевме домаќини на 4600 воени лица припадници на земји членки на Алијансата и со тоа во земјава се одржа една од најголемите воени вежби, каде и нашите војници ги покажаа на дело своите способности, вели Петровска.

За развој на капацитетите на одбраната потребни се финансии, а според министерката буџетот е најважната алатка на секое министерство, вклучително и на Владата во која се рефлектираат и политиките и плановите за наредната година, особено е важно плановите да продолжат во Министерството за одбрана за да се развиваат капацитетите на Армијата.

Во реални бројки финансиите одвоени за Министерството за одбрана се 294 милиони евра што е еден од најголемите буџети на поединечните министерства, еден дел че биде наменете за плати и надоместоци, а особено е вано што се обезбедени средства за последните измени на Законот за служба во Армијата со кој ќе се подобрат условите и стандардот на вработените, појаснува Петровска.

Таа додава дека над 30 проценти од финансиите ќе се уптребат за модернизација, како на објектите, така и на стандардите и опремата.

 

Разговараше/ Соња Танеска

Видео и фото/ Ариан Мехмети и Александар Ризински

Tags: АрмијабуџетМинистерство за одбранаславјанкахибридни напади
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ