• Latest

Слободата и тоа како се мачка на леб!

May 3, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Слободата и тоа како се мачка на леб!

May 3, 2023 19:00
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Од перспективата на Македонија 2014/2015. година, во која имаше лудачки систем кој придонесуваше луѓето деспотски да се потчинуваат, а медиумите имаа клучна улога во разработка на робовскиот менталитет, и од перспектива денес, 2022/2023. година, повеќе од очигледно е дека оваа земја преживува огромни метаморфози во своето внатрешно политичко уредување.

 

Еден од таквите позитивни примери е и тоа дека Македонија денес е најслободна земја во Западниот Балкан, барем според рангирањето на „Репортери без граници“. Кога велам најслободна, мислам токму на тоа: Северна Македонија е најслободна земја на целиот Западен Балкан.

Но, ова е само слика, или што би рекле нашите „врили експерти“, ова е буквално гледање на една општа состојба, без нејзино тумачење, дури може и слободно да се каже дека денес, на „патриотите“, целиот космос им падна на глава поради денешните резултати од медиумските слободи во земјата. И дека животите им останаа без смисла затоа што им го нема „драгиот Водач“, оној што плаќаше силни пари само за да ги држи во покорност сите. И граѓаните и медиумите.

За разлика од ваквата слика, или можеби токму заради оваа слика, Македонија денес е далеку поинаква земја, подобра, послободна, дури може да речам и тоа дека Македонија денес е далеку попријатно место за живеење од живеењето во ерата на Груевски.

Ако за момент ги отстраниме овие „компаративни примери“, тогаш што ни вели „здравиот разум“? Незадоволството од порано и денес детектира еден парадокс: климата во политиката е сè. Откако дојде СДСМ на власт, земјата стана релативно нормална, релативно економски просперитетна, се афирмираат и почитуваат сите возможни и невозможни слободи на граѓаните. Од бедни робови на груевизмот, станавме граѓани кои се интегрирани во НАТО, ги почнавме преговорите со Европската унија, платите минимални и просечни ни се зголемуваат, слободите јакнат и раснат – секое зрно на слобода и секое човечко достоинство се цени и почитува. И не само што така треба да биде, туку така мора и да остане. Слободите на граѓаните, без разлика колку изгледале хаотично и фриволно, баш такви треба и да останат, типично за земја која цврсто се движи напред на патот кон Европа.

Добро, немам сомнеж дека ќе ми се појави некој чичко со мрсен брк што ќе ме укори војнички: „Јовановиќу, наивчино, пари требаат, а не слобода, слободата не може да ја мачкаш на леб“!

Се разбира, ваквото тртлање ќе биде банално и плиткоумно. Напротив, ништо поубаво не се мачка на леб од слободата како таква. И ништо не е толку хранливо како слободата. Дури, ако сакате да бидам опасно експлицитен: таму кај што има слобода, леб има во изобилие, а таму кај што слобода нема, тамо и леб се помалку има, или ако го има, најчесто таквиот леб се дели како што се дели по затвори. Јас, фала му на бога, во затвор не сум бил, ама филмови со затвореници сум гледал: ти го даваат онака на парче, како да си стока, па го буташ в уста непрашувајќи кога доаѓа следниот оброк. И што повеќе ждереш леб од страв дека ќе останеш гладен, сè повеќе глад чувствуваш.

На секој леб му фали една главна состојка, а тоа е слободата. Добро, некој може да рече дека слободата е нешто апстрактно, нешто метафизичко. Ама не е така: слободата е насушна и благордна работа.

Одете и прашајте ги луѓето кои беа главни измеќари во времето на Груевски, без разлика дали му извршуваа валкани медиумски или валкани партиски работи. Прашајте ги нив што значи слободата, и кога беше поубаво. Ако имаат грам искреност и трошка достоинство, прилично сум сигурен што точно ќе одговорат.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: МедиумиНенад Јовановиќслобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ