• Latest

Слободата на изразување, правата, одговорноста, вистината низ изјави од познати медиумски работници

May 3, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Слободата на изразување, правата, одговорноста, вистината низ изјави од познати медиумски работници

May 3, 2021 12:40
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ФОРУМ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ЦИВИЛ се потсетува на дел од објавите на медиумски експерти, уредници и новинарки и новинари од нашето медиумско пондебје, објавени на денешен ден минатата година.

Сарачини: Слободата на изразување е и одговорност за слободата и правата на другите

Петрит Сарачини, медиумски експерт

Слободата на изразување е постојана борба за заштита на јавниот интерес и човековите права од оние што сакаат да ги ограничат, поткопаат и обезвреднат.

Но слободата на изразување е и одговорност за слободата и правата на другите. Едното без другото не оди. Да ни е честит овој ден, потсетник дека слободата постојано мора да се освојува, да се чува и негува.

Токму како и љубовта.

Орданоски: Ако падне мракот, целата дебата за што било е завршена

Сашо Орданоски, универзитетски професор, уредник и новинар

Го одбележуваме 3 мај, Меѓународниот ден на медиумските слободи, во времиња кога повеќе не е така јасно што значи да се делува „меѓународно“, како да ги дефинираме „медиумите“, во карантински услови кога и на „слободата“ тешко ѝ се одредуваат хоризонтите…

Единствено ја знаеме разликата меѓу денот и ноќта, бидејќи ако падне мракот, целата дебата за што било е завршена. Затоа е важно да ја чуваме светлината на мислата и можноста таа јавно да се искаже, за да ја продолжиме дебатата за тоа како треба да изгледаат односите меѓу народите, каква е променетата природна на медиумите и како да се заштити слободата во нив, за да не прерасне во анархија и борба на секој против секого.

Зулбеари: Ако не летаат слободно, новинарите ќе заглават во кафезот на диктатурата

Елида Зулбеари, новинарка

Слободата на медиумите е основен услов за квалитетното и професионалното новинарство. Ако еден новинар не е слободен, едноставно, не може да се каже дека работи новинарство туку пропаганда, или друг облик кој не припаѓа на новинарството.

Новинарите се како птиците, ако немаат крилја да летаат слободно, ќе се заглават во кафезот на диктатурата.

Демократијата во една земја не се мери за џабе со нивото на слободата на медиумите. Затоа, главата горе и не дозволувајте да ви се загрози слободата.

Талеска: Неопходна е финансиска независност за новинарите

Моника Талеска, новинарка

Од другата страна на медиумскиот фронт стојат самонаречените „новинари“ –  алатки на одделни структури во општеството, кои жестоката борба за слобода на медиумите, слободно ја трампаат со егзистенцијата, но и за високи финансиски бенефити, за што имавме еклатантни примери последнава деценија. Тие учествуваат во креирање и лиферување на спинови и дезинформации, со една цел – искривена слика за реалноста.

Затоа, ако не сакаме јавното мислење да се базира на спинови и сензации, за кои се бројат само лајкови, а ние општество на пасивни медиумски реципиенти на инстант „вести“ и пораки, медиумите да бидат во рацете на медиумските професионалци. Неопходна е финансиска независност за новинарите, гарантирана и пристојна плата со придонеси, и бенефициран стаж за неуморните деноноќни трки во битките, објективната информација да стигне до граѓанинот.

Дувњак: Останува надежта дека ситуацијата нема да се злоупотреби за кршење на принципите на транспарентност

Гордана Дувњак, новинарка

По многу нешта 2020  година ќе остане запаметена како една од најчудните и најмалку предвидливите години, која треба што поскоро да се заборави и никогаш да не се повтори. Во време на глобална пандемија на Ковид 19, Меѓународниот ден на медиумите го дочекуваме со живот свртен наопаку и  присилно изменети навики и начин на функционирање.

Навистина, со промената на власта, забележлива е поголема релаксираност и се намалија  притисоците и заканите врз новинарите.

Но, остануваат старите проблеми со нерешениот статус на медиумските работници, ниските плати, недоволната синдикална заштита. Остануваат нерешени  и проблемите со говор на омраза, креирање лажни вести, недоволна медиумска писменост. Сѐ уште има проблеми и со нејасната медиумска сопственост, финансирањето на медиуми од непознати извори, поврзаност на одделни новинари со центри на економска и политичка моќ, како и со политичкото подземје.

Мехмети: Да се биде медиумски работник значи да се биде храбар

Ариан Мехмети, репортер и монтажер

Со тоа што медиумите добиваат свој меѓународен ден за одбележување, тоа значи дека некој треба да се потсети дека медиумите имаат проблем со нивната слобода во работата, дека се попречувани да ја пренесат вистината и тајните од таму каде што медиумскиот мрак е присутен.

Да се биде медиумски работник значи да се биде храбар.

Ајдини: Армии партиски војници бдеат 24/7 на интернет во лов на медиумите и новинарите

Илир Ајдини, новинар

Армии  партиски војници и заслепени следбеници на лидери со деспотски и диктаторски амбиции 24/7 бдеат на интернет во лов на медиумите и новинарите кои се осмелуваат да искажат било и најмали резерви кон „ликот и делото“ на нивните политички опции и на „неприкосновените лидери“.

Во Косово, каде што живеам и работам последниве години, има и такви лидери кои членството ги нарекува „таткото“ („баба“ на албански), па сега ти види. Односно размисли пред да објавиш нешто што „баба“ можеби нема да го бендиса.

Тричковски: Медиумската слобода е апсолутна!

Бранко Тричковски, новинар и колумнист

Разбиен е системот на посредувани значења во кој одговорноста се формираше во однос на општото добро, со сите ограничувања и инструментализации на класичниот свет на модерноста и сега имаме атомизирана структура на апсолутната слобода и неодговорност односно на фактичкото ропство кое на човекот му е понудено преку илузијата дека е слободен во социјалните мрежи и во респектот кон бизнисот кој се потпира на симулации, симулакруми, интерпретации и врски, односно на корупции, измами и на неписменост на новинарите и на општата јавност.

Јовановиќ: Борба меѓу елементарната потреба на човекот да ја знае вистината и оние кои сакаат да ја инструментализираат за свои цели

Мирослав Јовановиќ, извршен директор на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Од кога светот знае за себе, се води борба меѓу елементарната потреба на човекот да ја знае вистината, и оние, од центрите на државната, политичката и економската моќ кои сакаат да ја инструментализираат за свои цели, да ја наметнат само својата верзија.

Македонија не е никаков исклучок од таа  општа слика која се заостри (наспроти очекувањата) од првиот момент на промената на системот и прогласување на демократијата како врвен дострел на човечката политичка потреба. Ние во РСМ, како „млада“ демократија, за жал, многу бргу увидовме дека борбата за слобода на медиумите што значи неотуѓиво право на секој  граѓанин – јавно и непречено да изнесе свое мислење – мора да биде храбра, упорна и непрестајна, зашто сѐ друго е нејзино игнорирање и попуштање пред моќта (власт, пари…). Без таа борба , недостиг на срамот ќе се зголемува, криминалот ќе се смета за вештина и способност, а чесноста за чиста глупост.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ