• Latest
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Слободата на изразувањето е основно човеково право и гарант за нормален и достоинствен живот на луѓето

October 20, 2023
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Слободата на изразувањето е основно човеково право и гарант за нормален и достоинствен живот на луѓето

Среќен 10-ти роденден за СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Издржа безброј удари, се соочи со безброј предизвици, но опстана и остана еден од највидливите белези на македонскиот медиумски и општествен простор. Не им предвидувам помирна иднина, бидејќи ја нема за никого, но затоа, пак, потребни се медиуми како СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, за целото општество да се соочи со бурните настани и процеси пред нас. Светот е во постојана внатрешна борба меѓу силите со спротивставени вредности. Му посакувам на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДА ПОБЕДИ ВО БИТКАТА ЗА ЦИВИЛИЗАЦИСКИ И ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ.

October 20, 2023 10:46
in ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Објавено прво во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Светот е во постојана внатрешна борба меѓу силите со спротивставени вредности. На едната страна се силите на авторитарно владеење, воинствени и геноцидни политики, експлоатација и дискриминација. На другата страна се силите на демократијата, прогресот по човечка мерка, и почитувањето на човековите права и слободи.

„Секој човек има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите“ – Член 19 од Универзалната декларација за човековите права, Обединети нации, 1948 година.

Живееме во доба кога слободата на изразувањето, што ја подразбира и вклучува и слободата на медиумите, спаѓа во основни човекови права. Ова човеково право е дел од 30-те основни човекови права и слободи дефинирани со Универзалната декларација за човековите права пред 75 години.

Тоа е неделиво од сите останати човекови права, како што се вели во Член 30 од Декларацијата:

„Ниедна одредба од оваа Декларација не може да се толкува, како да и дава какво и да е право на некоја држава, групација или поединец да дејствуваат или да сторат некој акт со цел за рушење на правата или слободите предвидени со оваа Декларација“.

Значи, ова право е подеднакво важно како и правото на живот, достоинство, еднаквост, правда…

Нема држава во светот за која може да се каже дека е демократска, ако во неа се загрозени слободата на изразувањето и медиумските слободи. Безброј пати е повторено и треба да се повторува: Нема демократија без слободни медиуми. Земја без слободно изразување на мислата и ставовите на луѓето и нивно објавување во медиумите без последици од центрите на политичка или финансиска моќ – не е демократска.

Нема поединец или заедница, ниту народ и нација, кои можат да се надеваат на слобода, демократија, напредок во било која смисла на зборот – ако немаат интелектуалци, експерти, авторки и автори од најразлични области, новинарки и новинари, кои можат слободно да се изразуваат и своите ставови да ги пласираат во медиумите.

Затоа, пропагандата на антидемократските центри на моќта ги имаат медиумите на првите 100 места од својата листа на цели за инфилтрирање, заробување и уништување. Медиумите се место за информирање и општествена дебата, со одговорност пред јавноста и општеството во целост.

За жал, медиумите се исто така местото од каде што се дистрибуираат дезинформациите и пропагандата на радикалните, антидемократските и милитантните структури и инсталации во една земја. Затоа, секој ден и секоја минута, медиумите се во непрекината битка со пропагандните операции, но и со наивноста и недоволната (медиумска) писменост на луѓето.

Таа битка е и внатрешна, во самите редакции, но и во секој поединец кој работи во тие редакции. Тоа е битка на фактите и прогресивната мисла против незнаењето, примордијалните емоции, лагите и манипулациите.

Дали во една земја има слобода на изразувањето, најлесно може да се види за време на изборните процеси. Граѓанките и граѓаните на една земја не можат да гласаат слободно, без да имаат медиуми кои ќе им овозможат точна и навремена информација, без примеси на пропаганда и притисок од било кој вид.

Многу е едноставно: Луѓето не можат да живеат нормално без слободни медиуми. Слободните медиуми се услов за мир и ненасилно решавање на конфликти, преку дијалог и јавна дебата. Тие се услов за развој на демократијата, стабилноста и развојот на една земја.


Објавено прво во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: медиумски слободислобода на изразувањетоСлободен печатчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ