ЦИВИЛ Медиа разговараше со битолчани за слободата на медиумите и колку тие им веруваат на истите.
„Сега имаме слободни медиуми. Претходно не. Се смени власта и се сменија луѓето“, изјави еден од соговорниците.
„Медиумите се катастрофа“, беше ставот на друг битолчанец.
Најголем дел од анкетираните сметаат дека власта или поконкретно партиите, се тие што одредуваат колку медиумите ќе бидат слободни.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.