• Latest

Словенија гласа: Тесна трка меѓу либералите и десницата на парламентарните избори

March 22, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Словенија гласа: Тесна трка меѓу либералите и десницата на парламентарните избори

March 22, 2026 07:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Словенија денеска (22 март) излегуваат на парламентарни избори кои се оценуваат како клучен тест за идната политичка насока на земјата и нејзината демократска стабилност.

На изборите, 10-ти по ред, се избираат сите 90 пратеници во Државниот збор, која потоа ја гласа новата влада со мандат од четири години.

Главната изборна битка се води меѓу актуелниот премиер Роберт Голоб и неговото либерално движење „Слобода“, и лидерот на десничарската опозиција Јанез Јанша, кој се обидува да се врати на власт.

Анкетите и аналитичарите најавуваат неизвесна и тесна трка, при што ниту една партија најверојатно нема да обезбеди апсолутно мнозинство, што значи дека клучна ќе биде постизборната коалициска математика.

Изборите се одвиваат во атмосфера на силна политичка поларизација и контроверзии. Кампањата беше обележана со обвинувања за корупција, остри политички напади и предупредувања за можни обиди за странско влијание и дезинформации за што медиумската платформа на ЦИВИЛ објави опширна анализа.

Аналитичарите оценуваат дека овие избори не се само избор меѓу партии, туку и судир на два политички концепта – либерална, проевропска ориентација, наспроти популистички и националистички пристап кон владеењето.

Словенија, членка на ЕУ и НАТО со околу два милиони жители, досега важеше за стабилна демократска приказна во регионот. Сепак, падот на довербата во владата и растот на десницата отвораат прашања за идниот курс на земјата, за што пишува словенечката писателка Ана Шнабл во The Guardian.

Гласањето се спроведува на околу 3.000 избирачки места со ангажман на 20.000 изборни работници, што го прави најголемата граѓанска операција во земјата, според официјалниот словенечки портал GOV.SI.

Првите резултати се очекуваат вечерва, додека формирањето на нова влада може да потрае неколку недели, во зависност од исходот и можностите за коалиции.

ЦМ Деск

 


 

Изборите во Словенија и Балканскиот коридор на дезинформации (1): Поглед во мрежата што ја обликува новата политичка војна во Европа

Изборите во Словенија и Балканскиот коридор на дезинформации (2): Архитектурата на влијанието и војната на наративите

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ