Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Косово.
Како што јави дописникот на МИА, Пахор во Приштина ќе се сретне со косовскиот државен врв, при што на средбите главна тема ќе биде перспективата на Косово во ЕУ, како и „други прашања за Западен Балкан“.
Церемонијата на дочек на Пахор ќе се одржи попладнево на плоштадот „Ибрахим Ругова“, по што тој првата средба ќе ја има со неговиот домаќин, косовскиот претседател Хашим Тачи. Посетата на Пахор е во рамки на десетгодишнината од независноста на Косово, која се одбележува на 17 февруари. Тоа е негова прва посета на Косово.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини