„Сороспии“, „северџани“, „квислинзи“, „натофундаменталисти“, „енџиовштина“, „комуњари“, „дегенерици“, „учипена багра“, „цијашки платеник“, „к*риња“,„лигле“, „смрдени“, „мамичето ваше…“, „све да ви *бам“, „ќе висите заедно“…
Ова не е речник од некој холивудски филм за уличари, туку зборови употребени од Димитар Апасиев, актуелен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и претседател на партијата „Левица“.
Години наназад, Апасиев употребува вулгарна и радикална реторика полна со навреди кон повеќе политичари, новинари, граѓански активисти.
Оваа реторика беше во фокусот на јавноста неодамна, кога Апасиев, ден по изборите напиша јавно, на неговиот профил на Фејсбук: „Џабе се лижете, сите ќе ве стреламе“, а две недели подоцна упати жестока пцост кон министерката за одбрана Шеќеринска.
И покрај гласните реакции од дел од јавноста, Апасиев ниту се извини ниту ги повлече своите закани со стрелање и пцостите.
Дека не се работи за инциденти, туку за систематско и промислено навредување на неистомислениците, покажуваат повеќе објави на Апасиев од изминатите години.
Тимот на ЦИВИЛ се обиде да направи една ретроспектива на дел од овие објави и да ја соочи јавноста со неговата омразата и навредите.
ЦИВИЛ повеќе пати јавно нагласи дека ваквата јавна комуникација е непримерна и недозволива
за било кој човек во едно демократско општество, а камоли за некој што работи и на државен универзитет, образува кадри со јавни пари и претставува граѓани во македонското Собрание.
ЦИВИЛ Тим за комуникации