ЦИВИЛ – Центар за слобода овој викенд на 25-ти и 26-ти март, во хотелот „Оаза“ во Штип, со почеток во 11 часот, организира семинар за граѓански новинари.
На семинарот ќе учествуваат триесетина граѓанки и граѓани од општините Штип, Облешево, Зрновци, Виница, Кочани, Пробиштип, Радовиш, Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.
Учесниците на семинарот од штипскиот регион ќе имаат можност да се приклучат на големото семејство граѓански новинарки и новинари со неповторлива прилика да се здобијат со практични и теоретски познавања од областа на граѓанскиот активизам и објективно и навремено информирање, користејќи ги технолошките придобивки и интернетот.
Овој семинар е дел од вториот циклус на имплементирањето на проектот „Граѓански објектив“. Претходно, семинари беа одржани во Битола, Струмица, Велес и Струга, а во следниот период ќе се организира семинар за граѓанско новинарство и во Скопје.
Содржините поврзани со проектот „Граѓански објектив“ можете да ги следите на Фејсбук страницата и на веб-страницатa Граѓански објектив.
Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.