• Latest

Со кого си таков си

November 13, 2019

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Со кого си таков си

Ваквото наше судство, со ваквите епилози како со веста од почетокот на текстов, со купот скапи рочишта во празно што ги плаќаат граѓаните, тоа е најмалата цена. Најголемата е што ваквиот систем нѐ прави и нѐ направи последни наивни будали.

November 13, 2019 20:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Сигурно ја слушнавте оваа вест: Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Судот констатирал застареност на случајот.

Ете тоа е таа Македонија која сака во Европа и на која, не македонскиот правен поредок, туку на која виновникот ѝ е Макрон. А всушност, целото наше судство топтан, онака топтан од портирот на основниот до првиот во врховниот е криминогено. Нема друга дефиниција освен дека целиот правен поредок е криминален. Целиот. Наспроти тоа што политичарите, дури и оние со највисоки и најодговорни државни и партиски функции, знаат да кажат дека судството е генерално добро, но дека тука и таму само поради малку мина несовесни и поткупливи, сликата за целиот правосуден систем е грда.

Не, не. Судството елементарно е корумпирано и генерално е криминално. Нема друг збор, туку дека е криминално од првиот до последниот таму. На било кое ниво и на било која позиција. Тоа приказните со застарување на обвинителните предмети поради вакви или онакви околности, е класична корупција. Еве, нека не е баш така. Ама тоа јавноста недвојбено го доживува така. Впрочем, ваквото наше судство, со ваквите епилози како со веста од почетокот на текстов, со купот скапи рочишта во празно што ги плаќаат граѓаните, тоа е најмалата цена. Најголемата е што ваквиот систем нѐ прави и нѐ направи последни наивни будали.

Граѓаните од оваа власт побараа правда. Со тој мотив и ја донесоа на власт. И ако имаа разбирање за премрежијата низ кои таа минуваше во пост режимскиот период и посебно со преспанскиот, таа приказна е веќе истрошена. Таа приказна заврши и за најмаргиналните поддржувачи на Шарената револуција.

Веста за застареноста на судскиот предмет за експремиерот е крунскиот доказ дека македонското судство е политичко и криминално. Дека македонското судство е неправедно. И дека македонското судство е и политички корумпирано. Секако, никој не тврди дека сите таму се клиентелисти. И дека грдата слика за нашето судство е само поради грст корумпирани типки и типови истражители, обвинители, судии.

И еве, нека е така. Тогаш каде е гласот на останатите? Каде е тоа доминантно правосудно мнозинство. Наместо самите да го изолираат тој „злочест“ тумор од нивните редови, од тоа мнозинство уште само молк. Ниту реакција ниту збор. И, ако за тоа немаат ниту сила ниту доблест, тогаш нека си се соочат со фактот дека и тие чесните за џабе се чесни. И дека во најмала рака не само кај најшироката јавност, туку и во очите на своите дома, кај роднините, соседите, пријателите, се соучесници во еден таков систем и дека се припадници на една цела коруптивно криминална структура.

Па ако тој епитет им годи, еве им, нека продолжат да си молчат. И со својот молк нека ги аминуваат криминалците во своите редови.

Ама, нели, со кого си, таков си.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ