• Latest

ТВ Канал 5, скандалозен напад против слободата на говорот: Со национализам против „национализам“

November 2, 2023
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ТВ Канал 5, скандалозен напад против слободата на говорот: Со национализам против „национализам“

November 2, 2023 17:01
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашниот директен пренос на емисијата „Само вистина“ беше неславно прекинат, со вклучувањето на директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, кој го избрка Исмет Рамадани, советник во Владата и претседател на Евроатлантскиот сојуз. Емисијата ја водеше новинарот Александар Видиновски. Водителот како домаќин, се најде „навреден“ од Рамадани за изнесениот став дека во емисијата и во телевизијата се промовира национализам, зборувајќи во контекст на етничка дискриминација.

Жестоки реакции со осуда пристигнаа од новинарската и експертската фела и граѓанските организации, поблага од ЗНМ, ССНМ СЕММ, а реагираше кратко и млако ААВМУ. Остра осуда упати и ЦИВИЛ, со соопштение до медиумите и јавноста, а во отвореното студио на ЦИВИЛ МЕДИА гостуваа поголем број истакнати интелектуалци, експерти и новинарски имиња. Редакцијата при медиумската платформа на организацијата доби повеќе од десет изјави што ги објави во текот на денот.

Но грубиот акт на ТВ Канал 5 беше искористен и за жестока одбрана од поединци, па и политички партии и организации кои се обидоа да го оправдаат непрофесионалното и неетичко однесување на Мирчевски, како директор на телевизијата, а во контекст на „недоличното“ однесување на Рамадани како гостин. Меѓу нив се најдоа и опозиционерите, кои се најдоа повикани да го осудат Рамадани, во корист на Мирчевски.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) целосно застана во одбрана на Мирчевски и Канал 5.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, побара од Владата да се огради и извини од изјавите на Рамадани. Во познат манир, оваа партија изјави дека „власта има селективен однос кон медиумите, делејќи етикети, премиерот и неговите луѓе да се конфронтираат со новинари и притоа да се не оградат од ваквите постапки“.

Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, ја оправда реакцијата на Мирчевски, а за Рамадани рече дека не е „умерен“ Албанец и дека нема право да збори за етничка дискриминација на Албанците, кога Македонците се дискриминирани во сопствената држава, како и Србите и другите помали заедници.

Партијата Интегра отиде дотаму што дури и ја охрабри Канал 5 да поднесе пријава до надлежните органи, оценувајќи го обраќањето на Рамадани како „непримерен обид за напад на новинари и медиуми“.

Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, побара оставка од Рамадани од позицијата претседател на Евроатланскиот совет на Македонија, обвинувајќи го за „импутирање на шовинистички наратив“.

„Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија г. Рамадани“, пишува Димитриевски на својот официјален профил.
Димитриевски дури побара и извинување од Рамадани.
„Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани. Како и секогаш претставниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото“, пишува Димитриевски.

Мирјана Најчевска, пак, напиша дека Рамадани треба да одговара за поттикнување на етичка и национална нетрпеливост, затоа што со тоа се обидел да го затскрие криминалот со повикување на „наводна етничка дискриминација“.

Сашо Тасевски, „со сета почит“ кон Рамадани, му извади долг список зошто Македонците немаат доверба во Албанците, укажувајќи и колку е чист ко солза, етичен и морален водителот.

Мирчевски, од друга страна, „разочаран“ од реакцијата на ЗНМ, директно му се обрати на претседателот Младен Чадиковски, дискредитирајќи го како колега, новинар, па дури и медиумот во кој работи: Како не ти е срам да бидеш лидер на ЗНМ и да водиш вести на една малечка незначајна телевизија во исто време?

Истовремено, му објаснува на Чадиковски како Рамадани им се заканил на „сите нас Македонци“.

И шефот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати осуда за Исмет Рамадани, велејќи дека „ги загрозува новинарите и слободата на говорот“.

Оваа јавна дебата или „хајка“ против Рамадани, всушност на националистите им даде одврзани раце со национализам да се конфронтираат против „национализмот“ на Рамадани, а преку него и со Албанците.

Ваквата одбрана на Мирчевски, всушност, претставува атак на слободата на медиумите и слобода на говорот.

Целиот скандал во вчерашната емисија на Канал 5, отвори поголем број прашања. Од една страна се дебатира кој е во право, а кој не, но од друга страна, се отвори поважно прашање, а тоа е – како да се ослободат медиумите, односно како да се обели образот на новинарството и да се ослободи од националистичките наративи.

ЦМТ

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ