• Latest

Со несмалена жестина продолжуваат руските гранатирања врз цивилни цели, погодени населени места во регионите Херсон и Донецк, има жртви

October 12, 2023

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Со несмалена жестина продолжуваат руските гранатирања врз цивилни цели, погодени населени места во регионите Херсон и Донецк, има жртви

October 12, 2023 10:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека фокусот на светската јавност последниве денови е сврен кон случувањата на блискиот исток и војната помеѓу Израел и Хамас, во Украина со несмалена жестина продолжуваат руските гранатирања врз цивилни цели.

Ноќта на 12 октомври, руските трупи гранатираа Чорнобаивка, регионот Херсон, при што загина еден постар човек, изјави Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација во Херсон, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

„Ноќта окупаторите ја гранатираа Чорнобаивка, погодувајќи станбен сектор. Според прелиминарните информации, загинал 70-годишен маж“, нагласи Прокудин.

Тој истакна и дека се расчистуваат деталите за ноќниот терор.

Фото: Укринформ

Изминатиот ден, 11 октомври Русите истрелале 500 гранати во регионот Херсон при што беа повредени четири лица.

Како што пренесува Укринформ, на 11 октомври во регионот на Донецк руската војска уби двајца жители, а повреди четворица, објави на Фејсбук Ихор Мороз, вршител на должноста началник на регионалната воена управа на Доњецк, .

„На 11 октомври Русите убиле двајца жители на регионот Донецк: во Авдиивка и Очеретине. Уште четири лица во регионот се повредени“, рече тој.

Фото: Укринформ

Мороз нагласи дека податоците не се конечни бидејќи во моментов е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха.

Како што објави Укринформ, утрото на 11 октомври, руските војници ги нападнале станбените квартови на Авдиивка. 85-годишен старец загина откако гранати експлодираа во неговиот двор.

Исто така, на 11 октомври 2023 година, руските трупи го нападнаа регионот Херсон 98 пати, истрелувајќи 500 проектили.

Релевантната изјава ја даде шефот на регионалната воена управа на Херсон, Олександр Прокудин на Фејсбук, јавува дописникот на Укринформ.

Според Прокудин, непријателот користел минофрлачи, артилерија, беспилотни летала, тенкови, авиони, противтенковско наведувачко оружје и ракетни системи за повеќекратно лансирање Град (МЛРС).

Дванаесет руски проектили беа истрелани врз градот Херсон.

Непријателските напади беа насочени кон станбени области низ населбите во регионот Херсон. Погодена е образовна институција во областа Берислав, како и гробишта во областа Херсон.

Ноќта на 12 октомври 2023 година, единиците за противвоздушна одбрана на Украина соборија 28 беспилотни летала од типот Шахед истрелани од руските напаѓачи,  изјавата беше дадена од страна на Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

Фото: Укринформ

„Непријателот ја нападна територијата на Украина со борбени беспилотни летала од типот Шахед од северниот и јужниот правец (рускиот регион Белгород и привремено окупираниот Кејп Чауда на Крим)“, забележаа воздухопловните сили, додавајќи дека биле лансирани вкупно 33 дронови Шахед.

Единиците за воздушна одбрана работеа низ најмалку шест региони на Украина. Авионите, ракетните сили земја-воздух, мобилните противпожарни тимови и единиците за електронско војување придонесоа за одбивање на рускиот воздушен напад.

Беа пресретнати 28 од 33 непријателски беспилотни летала.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Донецкруска агресија врз Украинаруско гранатирање цивилни целиХерсонцивилни жртви
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ