• Latest

Со што ВМРО – ДПМНЕ го притисна Павле Трајанов да се откаже од власта?

February 16, 2023
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со што ВМРО – ДПМНЕ го притисна Павле Трајанов да се откаже од власта?

February 16, 2023 15:11
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Се чини дека лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сепак беше во право кога тврдеше дека се врши притисок врз одредени пратеници во Собранието.  Само што притисокот не бил од страна на владејачкиот мнозинство, туку токму од неговата, веќе шеста години опозициска партија.

Како прилог кон ова тврдење е неодамнешното напуштање на владејачката коалиција од големиот вљубеник во владини коалици, од било која страна и да доаѓаат. Како Павле Трајанов, токму сега, кога се создава новото владино мнозинство, реши да го послуша вечниот опозиционер и да прејде на темната, пардон, губитничката страна во креирањето на евро-иднината на земјата?

Со што тоа Мицкоски го задолжи Павле да му стане послушник, иако и досега, седејќи на две столци, човекот – партија добро ја играше улогата доделена од Мицко да биде клин во погонските тркала на европскиот воз. И самиот Трајанов имаше изјава дека додека бил во предходната владејачка коалиција предводена од ВМРО – ДПМНЕ, потпишувал меници како доказ на верност.

Кон крајот на јануари, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави скандал во кој главен актер е токму партијата на Трајанов, Демократскиот Сојуз и нејзиното најтесно раководство.

Зошто токму сега се „обелоденува“ оваа афера? Ја чувале ли вмровците во фиоките од бироата од махагони во барокните канцеларии во (дивоградбата) Белиот дворец  за не дај боже, свесни дека кога тогаш ќе ја употребат.

Стоилковски на прес обвини дека ЈП Паркинзи било претворено во своевиден штаб на Демократскиот Сојуз, со тоа што службени возила, телефони и простории биле на дофат на партијата. Сето тоа наведува на сомнителни криминогени зделки.

Стоилковски ги посочи имињата на блиски соработници на Павле, Борче Јакимовски доскорешен директор на претпријатието и член на претседателството на Демократскиот Сојуз и Владимир Кроневски, член на претседателството на Демократскиот Сојуз, воедно помошник директор на јавното претпријатие, во чие време се ослободувани од плаќања стотина автомобили на функционери.

Дали со ова обвинување Стоилковски само го потсети Трајанов дека доспеале обврските од потпишаната меница во времето на Пастирот, и дека доколку не прифати да игра по нотите од Белата палата, ова нема да биде последниот прес на ДПМНЕ во кое ќе ги обелоденат аферите на Павле и соработниците.

(Конечното) преоѓање на единствениот пратеник од ДС во опозиција, не само што не предизвика тектонски промени во Владината коалиција, тука беше поздравено од демократското општество во Северна Македонија, кое го прифати со олеснување, што овој приврзок на Власта со големи апетити нема да биде дел од Власта.

Путуј Павле.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Print Friendly, PDF & Email
Tags: властВМРО - ДПМНЕДемократски сојузопозицијаПавле Трајановпозоцијауцена
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ