Специјалното јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото како еден од клучните предуслови за членство на Македонија во НАТО, истакнала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во рамките на неговата посета на земјава, соопштија од СЈО.
Јанева на Столтенберг му подарила значка со логото на Специјалното јавно обвинителство.
„На средбата Јанева го информираше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи е решително да ја исполни целта заради која е формирано. Јанева нагласи дека работата на СЈО е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО“, стои во соопштението на СЈО.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.