• Latest

Со европски пари ќе се подобрува добивањето бесплатна правна помош во земјава

April 17, 2018
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со европски пари ќе се подобрува добивањето бесплатна правна помош во земјава

April 17, 2018 12:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка на реформата на системот за правна помош во земјава и покревање на јавната свест и информирање на граѓаните за постоење на можност за добивање бесплатна правна помош е целта на проектот „Поддршка на реформите на системот на правна помош“ на Европската унија и Советот на Европа што денеска беше промовиран во Скопје.

Проектот, што е дел од „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција“ во рамки на програмата „Обезбедување правда“ која во моментов се спроведува во земјава, треба да обезбеди поддршка за Министерството за правда и на неговите подрачни одделенија за подобрување на процесуирањето на барањата за бесплатна правна помош и зајакнување на нивните капацитети за давање на правни услуги со поголем обем и поквалитетни, како и да осигура поефективна имплементација на реформите во согласност со европските стандарди. Предвидува блиска соработка со Министерството за правда, Адвокатската комора, Полицијата, МВР и невладините организации кои даваат бесплатна правна помош.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски истакна дека проектот треба да овозможи поефикасно спроведување на законот за бесплатна правна помош и додаде дека Предлог-законот што го помина првото читање е вратен после забелешките дадени во текот на јавната расправа од Адвокатската комора и невладините организации.

– На јавната дебата најголемите критики беа за одредувањето на тарифата за застапување во законот, која е пониска од редовната адвокатска тарифа што ја носи Адвокатскта комора. Редовната тарифа е превисока во делот на ваков вид на правна помош, бидејќи целта на законот е широк круг на луѓе да добијат правна помош, а буџетот на Министерството за правда од кој се исплаќа услугата е лимитиран, рече Ристовски.

За наредната година, рече, се надева оти буџетот на министерството ќе биде повисок, но додаде дека тоа нема да значи повисоки тарифи на плаќање, туку поширок опсег на лица кои ќе добијат правна помош.

Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ порача дека проектот значи конкретна помош за земјава во област која е многу битна и додаде дека проектите кои помагаа во давање бесплатна правна помош преку невладините организации беа само привремена активност.

– Проектната сорботка ќе продолжи, но сега со државно финасирање, рече Бертолини.

Хане Јункер, раководителот на Одделот за правда и правни соработки на Советот на Европа посочи дека правната помош е многу важна за заштита на правото на правично судење и еднаквост на оружјата и на луѓето им дава пристап до специјализирани информации за правото и како најдобро можат да ги бранат своите права.

– Клучно е властите да го подобрат пристапот до правната помош… Ранливите групи имаат право на правна помош доколку тоа им треба вклучително и на оние кои немаат средства да платат адвокат. Средствата кои се одвојуваат за таа цел во вашата земја се под средната вредност за таа намена во Европа, рече Јункер.

Посочи дека преку проектот ќе се поддржат регионалните канцеларии на Министерството за правда за поефикасно  и делотворно да работат со клиентите за да можат брзо и квалитетно да им пружат правни услуги на лицата кои тоа ќе им го побараат, како и да се зголеми бројот на адвокати кои се дел од овој систем.

Директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители Анета Арнаудова побара и судството да биде вклучено во проектот и да се организираат обуки за судииите и обвинителите, бидејќи судиите, како што рече, се тие што ги одредуваат бранителите по службена дејност.

Проектот, чиј буџет е 300.000 евра, а времетраење 17 месеци, официјално почна да се спроведува од почетокот на годинава, а ќе трае до мај 2019 година.


Извор: МИА

Tags: ЕУЗападен БалканМакедонијаправна помошСовет на ЕвропатурцијаХане Јункер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ