• Latest
Фото: МИА

Собранието го избира новиот состав на Антикорупциската комисија

November 23, 2023

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Собранието го избира новиот состав на Антикорупциската комисија

November 23, 2023 11:15
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која треба да бидат спроведени интервјуа на пријавените 42 кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Ќе се извршат интервјуа на 42 кандидати кои ги исполниле условите од огласот за нови членови на ДКСК, објави МИА.

Комисијата за селекција на кандидатите  беше формирана на 14 месецов согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.

Членови на Комисијата за селекција се Јован Андоновски, заменик народен правобранител номиниран од Народниот правобранител, Снежана Камилоска Трпкоска претставник на Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Никола Додов претставник на Здружението за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците од власта Фаница Николовска и Берат Ајдари и од опозицијата Ели Панова и Кастриот Реџепи.

Според законот, Комисијата за селекција ја формира листата на кандидати и по пет дена започнуваат интервјуата. На интервјуата присуствуваат претставници на повеќе институции, како и невладини организации и можат да поставуваат прашања на идните антикорупционери, а се ова се пренесува на Собранискиот канал.

Мандатот на актуелните членови на Комисијата Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира  на 8 февруари 2024 година.

За претседател на ДКСК може да се избере лице кое е државјанин на Северна Македонија и кое живее во земјата, да е деловно способна личност, да има високо образование од областа на правните науки или од областа на политичките, комуниколошките или економските науки. Покрај високото образование, се бара и најмалку десетгодишно работно искуство по завршувањето на образованието. Притоа осум години од работното искуство да биде во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување.

Кандидатите за членови треба да имаат шест години активност во областите поврзани со откривање корупција. И претседателот и членовите на ДКСК не треба да биле членови на Собрание, ниту во Влада, ниту пак донатори или функционери во политичка партија.

Tags: антикорупцијаДКСК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ