• Latest
Фото: Сојуз на средношколци

Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН за полагањето на првиот екстерен испит

March 28, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН за полагањето на првиот екстерен испит

March 28, 2023 11:24
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: Сојуз на средношколци

Фото: Сојуз на средношколци

Share on FacebookShare on Twitter

Генералното собрание на Сојузот на средношколци на вонредна седница вчеравечер го прифатил компромисот понуден од Министерството за образование и наука (МОН) во врска со едно од нивните барања за државната матура.

На средбата со министерот Јетон Шаќири вчера во МОН, на претставниците на Сојузот им беше укажано дека поради утврдениот  календар за настава не може да се одложи првиот екстерен испит (Мајчин јазик и литература) од 27 мај за 3 јуни, но им беше понуден компромис – намален обем на тестот и олеснување во бодувањето. Сојузот најави дека за понудата ќе решава нивното Генерално собрание.

-Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН – наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Тој ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања, информира Сојузот на средношколци.

Во допис до медиумите истакнува дека успешно постигнал договор со МОН за државната матура и таа ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде олесната за оваа генерација матуранти која, како што вели, беше најмногу погодена од прекините на наставата.

Сојузот на средношколци имаше четири барања од кои три вчера беа веднаш прифатени од МОН, а за четвртото, т.е. за барањето да се одложи почетокот на полагањето на матурата им го понуди компромисот за намалување на обемот на тестот.

На вчерашната средба во МОН беше постигнат договор за промена на соодносот на поените што ги носат испитите од државната матура при уписот на факултет – наместо 24, екстерните да носат 20 поени, а интерните наместо 12 да носат 16 поени.

Министерството за образование и наука преку Владата ќе им препорача на универзитетите да направат  ваква промена во конкурсите. Исто така, на универзитетите ќе им биде препорачано првиот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература да се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент.

-Со тоа, матурантите ќе добијат додатни два поена при упис поради оваа промена, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик и литература, нагласува Сојузот.

Договорено е, исто така, наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна четири недели пред испитот и банките да содржат трипати поголем број на прашања од бројот на прашања на испитот. Тоа е значајно олеснување за матурантите, сметаат од Сојузот на средношколци,  бидејќи матурантите  ќе имаат доволно време да се подготват и за интерните испити.

Tags: Јетон ШаќириМОНСојуз на средношколци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ