• Latest

Сончев ден на Косово, малку изборни нерегуларности, фатени бомби на граница…

October 22, 2017
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сончев ден на Косово, малку изборни нерегуларности, фатени бомби на граница…

October 22, 2017 22:15
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Илир Ајдини

(од Приштина, специјално за ЦИВИЛ Медиа)

Метеоролозите на Косово најавија дека од утре, понеделник, 23 октомври, ќе паднат температурите и ќе има врнежи од дожд, а медиумите им порачаа на Косоварите да излезат и да го искористат овој, веројатно, последен ден за годинава со сончево и топло време. Политичарите, пак, им порачаа да излезат и да го искористат правото на глас за локалните избори (трети по ред од 2008-ма и прогласувањето на Косово за независна држава) и, се разбира, да го направат „вистинскиот избор“.

И, генерално земено, беше ова убав есенски ден. Приштинските и улиците на другите градови беа мирни, како и вообичаено во неделите на Косово, а малку поголема раздвиженост имаше околу гласачките места. Дури, низ центарот на главниот град повеќе одошто „случајни минувачи“ и „обични граѓанки и граѓани“, можеа да се видат новинарски екипи – се разбира, лесно препознатливи поради беџовите со „прес“ и телевизиските камери и фото –апаратите.

Дека изборниот процес се одвива мирно и дека нема сериозни нарушувања потврдуваат надлежните институции – Централната изборна комисија, полицијата, обивинителството…, но и странските амбасади и мисии, независните набљудувачи, невладиниот сектор. Ист е ставот и на самите учесници на изборите, кои имаат мали забелешки, но, со оглед на искуствата на овие простори, би можело да се рече дека не станува збор за нешто баш сериозно. Некоја партија имаше забелешка за неколку случаи на гласање во име на друга личност или на починат член од семејсвото, една поплака за „бугарски воз“ во Митровица, една-две, не толку страшни, физички пресметки (едниот од нападнатите се појави на телевизија со гребнатинка на челото), неколку прекршувања на изборниот молк, околу педесетина поплаки на граѓани кои не се нашле во ибирчките списоци и, горе-долу, толку.

Она што предизвика малку повеќе внимание и одекна малку посензационалистички во јавноста беше запирањето на еден автобус со патници од Србија на граничниот премин Јариње, меѓу Косово и Србија, во кој беа откриени експлозивни направи. А, тоа некако се поврза со изборите. Имено, во автобус со регистериски таблички од Крагујевац, со педесетина патници, косовската полиција откри две рачни гранати со детонатори. Во врска со ова, беа приведени тројца од патниците, Срби, заради натамошно разјаснување на околностетите, мотивите, намерите…

Сомнежите дека инцидентот е поврзан со изборите се потхрануваат од очигледната заинтересираност на Белград за исходот на овие локални избори во Косово, што некако експлицитно се огледува од апелот на директорот на белграската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, до косовските Срби да излезат масовно на гласање за да им дадат поддршка на „српските општини“ во Косово. Тоа требало, според Ѓуриќ, да придонесе кон зајакнување на позициите на српските општини внатре во Косово и на нивните врски со „матичниот центар, Белград“. Дополнително, Белград има и свој фаворит за изборите на Косово, а тоа е партијата Листа Српска, која е дел од косовската влада, арно ама… малку комплицирано, нели? Ама ништо чудно за Балканов, каде што припаѓаат и Приштина, Белград и другите.

За крај и еден куриозитет: Во градот Вучитрн својот глас за идната локална власт го даде и една баба од 103 години. Не кажа што очекува од новата локална власт, ама важно својата граѓанска обврска ја исполни.

П.С. Последна информација, од 20:30 часот: Според Централната изборна комисија, излезноста е околу 45 % од регистрираните гласачи, неколку партии објавија водство во неколку оптшини, речиси никаде не е објавена победа во прв круг (освен во Ѓаковица и Митровица, каде сепак не е официјален резултатот), а веројатно во втор круг ќе оди и фаворитот на најголемата опозициона партија, Самопределување, Шпенд Ахмети, кој го истера првиот мандат на чело на главниот град на Косово. Тука, во Приштина, се разбира, се одвива и главната и најинересна изборна битка.

Tags: АлбанциВучитрнизбориКосовоЛиста СрпскаМарко ЃуриќПриштинасамоопределувањеСрбиЦентрална изборна комисијаШпенд Ахмети
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ