• Latest

Сорос: Отвореното општество треба да се одбрани!

January 16, 2017

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Сорос: Отвореното општество треба да се одбрани!

January 16, 2017 16:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Отворените општества се во криза, а различни форми на затворени општества, од фашистички диктаторства до мафијашки држави, се во подем. Како можеше тоа да се случи? Единственото објаснување што можам да го најдам е дека избраните лидери не успеале да ги исполнат легитимните очекувања и аспирации на гласачите и дека таквиот неуспех довел до разочарување на електоратите од преовладувачките верзии на демократија и капитализам. Многу едноставно, многу луѓе се чувствуваат како елитите да им ја украле нивната демократија“, напиша во „Проџект Синдикејт“ („Project Syndicate“ – Тhe World’s Opinion Page), филантропот Џорџ Сорос. Во текстот што интегрално го пренесуваме од сајтот на Фондот Отворено општество Македонија, Сорос се осврнува на типот на отворено општество, на глобализацијата, пред сé, на финансиските пазари, на демократијата во криза, на САД со Трамп и на ЕУ со Путин…  

Многу пред Доналд Трамп да биде избран за претседател на САД, им испратив празнична честитка на моите пријатели во која напишав: „Ова не е време на нормална состојба. Ви посакувам сè најдобро во светот оптоварен со проблеми“. Сега чувствувам потреба, истата порака да ја споделам со остатокот од светот. Но, пред да го сторам тоа, морам да ви кажам кој сум јас и за што се залагам

Јас сум 86-годишен унгарски Евреин кој стана државјанин на САД по завршувањето на Втората светска војна. Од мали нозе научив колку е важно каков политички режим преовладува во една држава. Формативно искуство на мојот живот беше окупацијата на Унгарија од Германија под водство на Хитлер во 1944 година. Јас веројатно ќе исчезнев ако татко не ми ја разбра сериозноста на ситуацијата. Тој набави лажни идентитети за неговото семејство и за многу други Евреи; со негова помош, многумина од нив, останаа живи.

Во 1947 година, пребегав од Унгарија која тогаш беше под комунистичка власт, во Англија. Како студент на Лондонската школа за економија, бев импресиониран од филозофот Карл Попер и развив сопствена филозофија која се темели на два столба: погрешливост и рефлексивност. Правев разлика меѓу два вида политички режими: оние во кои луѓето ги избираат своите лидери, кои потоа треба да се грижат за интересите на нивниот електорат, и другите, каде владетелите се обидуваат да ги изманипулираат своите потчинети да им служат на интересите на владетелот. Под влијание на Карл Попер, првиот режим го нареков отворено општество, а вториот – затворено.

Оваа класификација е премногу поедноставена. Постојат многу степени и варијации низ историјата, од добро функционални модели до пропаднати држави, како и многу различни нивоа на власт во една конкретна ситуација. Сепак, сметам дека правењето разлика меѓу двата типа на режими е корисно. Станав активен промотор на првиот и опонент на вториот тип режими.

Сметам дека овој момент во историјата е многу болен. Отворените општества се во криза, а различни форми на затворени општества, од фашистички диктаторства до мафијашки држави, се во подем. Како можеше тоа да се случи? Единственото објаснување што можам да го најдам е дека избраните лидери не успеале да ги исполнат легитимните очекувања и аспирации на гласачите и дека таквиот неуспех довел до разочарување на електоратите од преовладувачките верзии на демократија и капитализам. Многу едноставно, многу луѓе се чувствуваат како елитите да им ја украле нивната демократија.

По распадот на Советскиот сојуз, САД останаа единствената суперсила, еднакво посветена на принципите на демократија и на слободни пазари. Од тој момент, најголемиот развоен настан е глобализацијата на финансиските пазари, која ја предводеа застапувачи нудејќи аргументи дека глобализацијата го зголемува вкупното богатство. На крајот, ако победниците им компензираат на губитниците, сепак, ќе остане нешто и за нив.

Овој аргумент е погрешен, бидејќи го игнорираше фактот дека победниците ретко, ако и воопшто, им компензираат на губитниците. Но, потенцијалните победници потрошија доволно пари за промоција на таквиот аргумент, така што тој стана доминантен. Тоа беше победа за оние кои веруваат во слободни претпријатија, или за „пазарните фундаменталисти“, како што јас ги нарекувам. Бидејќи финансискиот капитал е незаменлива компонента за економски развој, а малку земји во развој би можеле да генерираат доволно капитал сами, глобализацијата се прошири како шумски пожар. Финансискиот капитал можеше слободно да се движи и да избегне оданочување и регулација.

Глобализацијата имаше далекусежни економски и политички последници. Таа донесе одредена економска конвергенција меѓу сиромашните и богатите земји, но ја зголеми нееднаквоста и во сиромашните и во богатите земји. Во развиениот свет, придобивките воглавно ги чувствуваа големите сопственици на финансискиот капитал, кои претставуваат помалку од 1% од целото население. Отсуството на политики за редистрибуција е главниот извор на незадоволството што го експлоатираа противниците на демократијата. Сепак, постоеја и други фактори што придонесоа кон таквата ситуација, особено во Европа.

Јас бев силен поддржувач на Европската унија од нејзиниот зачеток. Сметав дека таа ја отелотворува идејата за отворено општество: здружување на демократски држави кои се подготвени да жртвуваат дел од својот суверенитет за заедничко добро. Унијата почна како смел експеримент за она што Попер го нарекува „постепен социјален инженеринг“. Лидерите поставија остварлива цел и фиксиран временски период и ја мобилизираа политичката волја потребна за исполнување на целта, целосно свесни дека секој чекор напред ќе треба да биде проследен со уште еден чекор напред. Така, Европската заедница за јаглен и челик беше претворена во Европска унија.

Но тогаш, нешто отиде во ужасно погрешна насока. По падот на берзата во 2008 година, доброволното здружување на еднаквите беше претворено во однос меѓу кредитори и должници, каде должниците имаа тешкотии во исполнувањето на своите обврски, а кредиторите ги поставуваа условите што должниците треба да ги почитуваат. Тој однос не е ниту доброволен, ниту рамноправен.

Германија прерасна во водечка сила во Европа, но не успеа да ги исполни обврските што успешните водечки сили мора да ги исполнат, односно, не успеа да гледа подалеку од нејзините тесни интереси кон интересите на луѓето кои зависат од неа. Споредете го однесувањето на САД по Втората светска војна, со она на Германија по падот на берзата во 2008 година: САД го лансираа Маршаловиот план, кој доведе до развој на ЕУ, додека Германија наметна програма за штедење која им служеше само на нејзините тесни интереси.

Пред нејзиното повторно обединување, Германија беше главната движечка сила во интеграцијата на Европа: таа беше секогаш подготвена да придонесе малку повеќе, за да ги одоброволи оние кои даваа отпор. Дали се сеќавате на придонесот на Германија во исполнување на барањата на Маргарет Тачер за буџетот на ЕУ?

Но, обединувањето на Германија во сооднос 1:1 испадна многу скапо. Кога пропадна финансиската компанија Леман Брадрс, Германија не се почувствува доволно богата да преземе дополнителни обврски. Кога европските министри за финансии изјавија дека нема да се дозволи распад на други системски важни финансиски институции, германската канцеларка Ангела Меркел, коректно читајќи ги желбите на нејзиниот електорат, изјави дека секоја држава-членка треба да се грижи за сопствените институции. Тоа беше почетокот на процесот на дезинтеграција.

По падот на берзата во 2008 година, ЕУ и Еврозоната стануваа сè понефункционални. Преовладувачките услови станаа сè подалечни од оние предвидени со Договорот во Мастрихт, но менувањето на договорите беше сè потешко, и на крајот невозможно, бидејќи не можеше да биде ратификувано. Еврозоната стана жртва на застарени закони; многу потребните реформи можеа да се донесат само со изнаоѓање дупки во тие закони. Така, институциите станаа сè покомплицирани, а електоратите беа изолирани.

Подемот на анти-ЕУ движењата уште повеќе го оневозможи функционирањето на институциите. Овие сили на дезинтеграција добија моќна поддршка во 2016 година, прво преку Брегзит, а потоа и со изборот на Трамп во САД, и на 4-ти декември, со одбивањето на уставните реформи од италијанските гласачи, со голема разлика во гласовите.

Демократијата сега е во криза. Дури и САД, светската водечка демократија, за свој претседател избра измамник и претендент за диктатор. Иако Трамп ја намали својата реторика по неговиот избор, тој не ги смени ниту своето однесување, ниту своите советници. Неговиот кабинет го сочинуваат некомпетентни екстремисти и пензионирани генерали.

Што носи иднината?

Јас сум убеден дека демократијата ќе ја докаже својата издржливост во САД. Уставот и институциите во САД, вклучително и седмата сила, се доволно силни да им одолеат на испадите на извршната власт, со што ќе го спречат претендентот за диктатор навистина да стане тоа.

Но, САД ќе бидат преокупирани со внатрешните борби во блиска иднина, додека таргетираните малцинства ќе страдаат. САД нема да бидат во можност да ја заштитат и промовираат демократијата во остатокот од светот. Напротив, Трамп ќе има поголема склоност кон диктаторите. Тоа ќе им овозможи на некои од нив погодна позиција во односите со САД и со другите за да го продолжат своето владеење без никакво мешање. Трамп ќе претпочита склучување договори, наместо одбрана на принципите. За жал, тоа ќе наиде на популарност кај неговите основни поддржувачи.

Јас сум посебно загрижен за судбината на ЕУ, која е во опасност од потпаѓање под влијание на рускиот претседател Владимир Путин, чијшто концепт на владеење е целосно спротивен на отвореното општество. Путин не е пасивен корисник на последните случувања; тој напорно работеше тие да станат реалност. Тој ја признава слабоста на неговиот режим: може да ги експлоатира природните ресурси, но не може да генерира економски раст. Тој се почувствува загрозен од „обоените револуции“ во Грузија, Украина и на други места. Тој прво се обиде да ги контролира социјалните медиуми. Потоа, во брилијантен потег, го искористи деловниот модел на компаниите за социјални медиуми за да пушти дезинформации и лажни вести, дезориентирајќи ги електоратите и дестабилизирајќи ги демократиите. Токму на тој начин тој му помогна на Трамп да биде избран.

Веројатно е дека истото ќе се случи на изборите во 2017 година во Холандија, Германија и Италија. Во Франција, двајцата водечки кандидати се блиски до Путин и едвај чекаат да му се умилкуваат. Кој и да победи, доминацијата на Путин во Европа ќе биде завршен чин.

Се надевам дека европските лидери и граѓани сфаќаат дека тоа го загрозува нивниот начин на живот и вредностите врз кои е изградена ЕУ. Проблемот е во тоа што методот кој Путин го користел за дестабилизација на демократијата, не може да се користи за враќање на угледот и балансирано гледиште за реалноста.

Со недоволен економски раст и бегалска криза која е надвор од контрола, ЕУ е на работ на распаѓање и е предодредена да мине низ искуство слично на искуството на Советскиот сојуз во раните 90-ти години. Оние кои веруваат дека ЕУ треба да се спаси за одново да се обмисли, мора да сторат сè што можат за да издејствуваат подобар исход.

Tags: демократијаЕУОтворено општествоПутинРусијаСАДТрампЦивилЏорџ Сорос
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ