• Latest

Советот на ЕУ доби мандат за преговори со ЕП за Регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

March 6, 2024

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советот на ЕУ доби мандат за преговори со ЕП за Регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

March 6, 2024 19:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска донесе одлука да му одобри мандат на Европскиот совет за преговори со Европарламентот за Регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.

Предложениот Механизам е централниот инструмент на новиот План на Европската комисија за раст за Западен Балкан, чија цел е поддршка процесот на проширување на Унијата и забрзување на економското поврзување на земјите од регионот со ЕУ, пренесува МИА.

Како што соопшти Советот на ЕУ, Механизмот има за цел да обезбеди финансиска поддршка за партнерите на Унијата од Западниот Балкан за периодот од 2024 до 2027 година во вкупен износ од шест милијарди евра, од кои две милијарди во форма на грантови и четири милијарди евра како позајмици.

Исплатата на финансиската поддршка ќе зависи од остварувањето напредок во реализацијата на реформите утврдени во договорената реформска агенда на секоја од земјите од регионот.

Преговорите на Советот на ЕУ со Европскиот парламент ќе се водат за ревидираната верзија на Регулативата за создавање на Механизмот. Измените во однос на првичниот предлог на Европската комисија се однесуваат на допрецизирање на специфичните цели на Механизмот и на условите за исплата на поддршката.

Една од клучните измени се однесува на зајакнување на улогата на Советот на ЕУ во управувањето со Механизмот, особено при усвојувањето и дополнувањето на реформските агенди на земјите од Западниот Балкан и на следењето и оценката во исполнувањето на поставените услови за исплата на поддршката.

Измени, исто така, има и во делот во кој се става посилен фокус на усогласувањето на земјите од регионот со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Со денешната одлука на Корепер, белгиското претседателство со Советот на ЕУ ќе може да ги започне преговорите со Европскиот парламент за конечната верзија на Регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.

Европската комисија го претстави новиот План за раст за Западниот Балкан на 8 ноември минатата година. Тој се базира на четири столба насочени кон зајакнување на економската интеграција на земјите од Западниот Балкан со единствениот европски пазар, зацврстување на економската интеграција меѓу државите во регионот преку заеднички регионален пазар, забрзување на основните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформските процеси преку Механизмот за реформи и раст.

Со ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан беа одвоени две милијарди евра дополнителни средства.

Tags: Западен БалканПлан за растСоветот на ЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ