Советниците на СДСМ од Босилово денеска на прес-конференција демантираа дека се прогласиле за ненадлежни за распишување референдум за стопирање на работата во рудникот во Иловица.
Тие ги обвинија медиумите дека лажеле и ја извадиле од контекст нивната одлука од завчерашната седница, а дека Иницијативата „Спас за Струмица“ е правно неиздржана, односно дека ќе добие поддршка откако ќе ги собере предвидените со потписи од 20% од гласачкото тело.
Како што јавуваат од струмичката телевизијата „Вис“ , советникот на СДСМ, Лазо Пеневски не одговорил на новинарско прашање зошто не предложиле Советот сам да донесе одлука, без собирање потписи, што е законски возможно.
Иницијативата доби образложение дека со собраните потписи, референдумот ќе може да се распише. Конечната одлука за работата на рудникот ја носи Владата, со што, доколку има кривични пријави, Советот и градоначалникот се зашттени.
Граѓанските активисти немале можност да присуствуваат на седницата и покрај тоа што била јавна и проследена од медиумите.