Советот за безбедност на Обединетит нации денеска треба да гласа за американското барање за воведување на построги санкции кон Северна Кореја, како казна за нејзината нуклеарна и ракетна програма.
Ако бидат одобрени, санкциите безмалку во целост ќе го запрат извозот на нафта и нафтени деривати во Северна Кореја и ќе ја ограничат можноста на севернокорејските граѓани да работат во странство, што е важен извор на приходи за државата.
Предлогот за нови санкции следува откако Северна Кореја на 29 ноември тестираше досега најмодерен проектил за кој се смета дека може да погоди градови на западниот брег на САД.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.