• Latest

Социјално незадовоство или вовед во нова „блискоисточна пролет“

January 4, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Социјално незадовоство или вовед во нова „блискоисточна пролет“

January 4, 2018 12:36
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

(МИА) Иранската револуционерна гарда вчера прогласи крај на антивладините протести што почнаа на 28 декември, во кои загинаа најмалку 21 лице, а уапсени се повеќе од 450 демонстрранти. 

По прогласот на Гардата има помалку вести за протестите, но се уште не е познато дали тие навистина завршија или пак иранските власти ги блокираат социјалните мрежи со цел да ги оневозможат демонстрантите да поделат нови слики од протестите.

 

Протестите во Иран почнаа поради мерките за штедење што претседателот Хасан Рохани ги воведе во 2013 година кога дојде на власт. Политичките аналитичари истакнунваат дека незадоволството на Иранците од финансиската ситуација е видливо подолго време, а помали протести и штрајкови на синдиактите има веќе неколку години.

Тие исто така посочуваат и дека граѓаните се незадоволни поради укинување на граѓански слободи.

 

Протестите укажуваат и дека голем број Иранци не се согласуваат со надворешната политика на Техеран, како што се интервенциите во Сирија и во Ирак, борбата за влијание со Саудиска Арабија или финансиската поддршка на Палестинците и на либанскиот шиитски Хезболах и оценуваат дека Владата треба да се насочи кон домашните економски проблеми.

Иранските државни медиуми вчера известуваа и за провладин митинг во десетина градови, додека денеска јавија дека пред почетокот на викендот, што во Иран почнува во четврток, на улиците во Техеран е мирно.

 

Десетици илјади Иранци, кои ги поддржуват врховниот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Рохани вчера учествуваа во контрапротестите собири организирани во најголемите градови. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Смрт на Америка“, „Смрт на Израел“ и „Смрт на Монафег“, кратенката на опозициската вооружена група Народни муџахедини.

За разлика од прореформските протести од 2009 година поради повторниот избор на Махмуд Ахмадинеџад за претседател, сегашните демонстрации изгледаат поспонтани, а забележително е и присуството на млади луѓе од работничка класа. Според аналитичарите тоа е поопасно за власта, бидејќи посиромашните слоеви ги смета за полојални, за разлика од средната класа, која излезе на улиците во 2009 година.

Според официјални податоци 90 отсто од приведените демонстранти се помлади од 25 години, кои се позаинтересирани за работа и промени отколку за исламски идеализам и антизападно расположение.

 

Иранските власти досега се воздржани и покрај тоа што се уапсени над 450 лица, сепак не ги ангажира елитните сили – револуционерната гарда и милицијата Басиџ.

Ајатолахот Хамнеи и Рохани во вторникот ги обвинија „непријателите на Иран“ за поттикнување на масовните протести.

 

– Во изминатите денови непријателите на Иран користат разни инструменти – пари, оружје, политика и разузнување, за да создадат проблеми во Исламската Република, обвини ајатолахот Хамнеи.

И Рохани изјави дека протестите се помогнати од страна на САД и од Израел, кои „не можат да ги поднесат геополитичките успеси на Иран“.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им изразија поддршка на демонстрантите, додека пак Русија и Турција повикаа странски држави да не се мешаат во иранските политички прашања.

Марина Илиевска


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: Ајатолах Али ХамнеидемократијаИзраелИранреволуцијаРусијаСАДтурцијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ