• Latest

„Спас за Валандово“: (Не)подготвеност за ризиците!

April 4, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Спас за Валандово“: (Не)подготвеност за ризиците!

April 4, 2017 15:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ ( #СпасЗаВаландово #ИнформирајСе #АктивирајСе) започнува кампања за зачувување на еколошки чистата Валандовска котлина, за разумно и транспарентно раполагање со нејзините ресурси и за запирање на сите активности околу работата на рударскиот комплекс за производство на катоден бакар.

Според активистката Даниела Мирческа, Валандовската котлина е едно од последните еколошки чисти подрачја во Македонија, и таа изобилува со природни ресурси, кои треба да се зачуваат како такви.

Иако за потребите на инвеститорот, во јуни 2015 е изготвена студија за оцена на влијанието врз животната средина на Рударскиот комплекс за производство на катоден бакар – „Казандол“, Општина Валандово, од скопска консултантската фирма, граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ смета дека не смее да се дозволи наводен економски прогрес да фрли на колена илјадници граѓани од општина Валадово. Според некои информации, предвидени се стотина вработувања во периодот на експлоатација од 10 години.

„Сметаме дека, едноставно, ризикот е преголем, зашто Македонија нема стратегија за справување со потенцијални катастрофи, и стоиме цврсто на ставот дека ‘рудник не ни е потребен’! Истовремено, и во Гевгелија се случува слична граѓанска иницијатива, а меѓународната јавност е известена преку медиумите за социјалната правда и за влијанието врз климата. Сметаме дека овој проблем не засега сите нас“, вели Мирческа, според која, граѓаните на Валандово не се доволно информирани за последиците на работењето на рудникот во иднина.

„Планираниот рудник, при најмала човечка грешка или елементарна непогода, може да прерасне во катастрофа од огромни размери. Дополнително, не соодветствува со ЛЕАП програмата за развој на општината. Елаборати предвидуваат времена проверка на здравјето на населението и животите, како и итна евакуација на населението, при дадени услови. Ракувањето и справувањето со токсичен отпад не влегува во националната стратегија на Македонија, судбината на цела држава, буквално ќе биде ставена во рацете на десетина луѓе што ќе работат таму. Подготвени ли сме да го преземеме тој ризик?“, се прашуваат во граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“

„Ретко кој во Валандово знае што се случува на локациите оддалечени само неколку километри од центарот на градот! Населението не е запознаено со актуелните случувања и опасноста која ја носи ваков производствен процес. Сметаме дека овие информации треба да бидат достапни за сите и првично, нашите залагања ќе одат во прилог на информирање на пошироката јавност.  Секој има право да знае, ако се нарушува неговото основно право на лична безбедност“, ни изјави Мирческа.

Од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ најавуваат дека во наредниот период ќе се обратат директно до населението во општината, до пошироката јавност, до засегнатите приватни и правни лица, до медиумите, до институциите, до македонски и странски експерти од оваа област.

„Ќе се обратиме буквално до сите оние кои ќе можат да ни помогнат соодветно да ги аргументираме нашите барања“, вели активистката Мирческа.

ЦМ

Tags: „Спас за Валандово“Валандовска котлинаграѓанска иницијативаДаниела Мирческадостапност до информацииЛЕАП програмаризиктоксичен отпад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ