„Сакам да оддадам посебно признание до сите солидарни граѓани кои се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Покажавме дека знаеме како држава да не ги оставиме граѓаните сами, туку да бидеме рамо до рамо со нив, а тука беа и нашите пријатели од Србија и Словенија, од Романија, Австрија, од Бугарија, од Франција итн“, вели Спасовски кој упати посебна благодарност и до сите пожарникари во државата, полициските службеници, на припадниците на Армијата, на многу одговорни луѓе од државната администрација кои се приклучија кон гасењето на пожарите, како и до медиумите за објективното информирање на јавноста.
М. Ј.