• Latest

Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого

September 15, 2023

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого

September 15, 2023 10:36
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За случувањата во Клиниката за онкологија, важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за неделникот „Фокус“.

Во врска со истрагата и обезбедените докази, Спасовски нагласи дека прво сака да потенцира оти на самата помисла за сè она што се случувало на Клиниката за онкологија навистина нема збор со којшто може сето тоа да се опише.

– Ние направивме прибирање на електронските уреди и се преземаат низа криминалистички мерки и активности сè со цел да се приберат што е можно повеќе докази во овој дел. Морам да напоменам дека се работи многу интензивно на целиот овој случај за да се види што точно се правело и кои се виновниците и учесниците. Важно е поради тоа што секој криминал, па и овој мора да има име и презиме и оние кои директно учествувале ќе мора да носат сериозна одговорност. Така што, интензитетот е голем во делот на истрагата, се преземаат низа на мерки како што напоменав, се прават разговори со одредени лица кои учествувале во ова, кои можат да дадат дополнителни информации и на основа на тоа секако дека ќе ги преземеме следните чекори во овој случај, по насоки на јавниот обвинител, рече министерот Спасовски.

Во однос на тоа кога би можело да се очекува разрешница на случајот, Спасовски истакна дека заради јавноста, динамиката со која ќе се заврши предметот е особено важна, но не по цена на квалитетот.

– Ние работиме и посакуваме тоа да се случи час поскоро заради тоа што е важно и заради јавноста и заради сите нас, да се заврши предметот што е можно побрзо, меѓутоа многу поважно од брзината е квалитетот. Не е добро да направиме случај во којшто од побуди на задоволување на јавноста во одреден момент ќе се намали квалитетот на прибраните документи или нема да бидат собрани доволно докази. Напротив, сметам дека квалитетно собраните докази, дефинирањето точно на оние кои се виновниците е многу поважно во овој момент, иако и динамикатата за нас е сериозно важна, потенцираше Спасовски.

Во врска со прашањето за евентуална селективност во однос на овој случај, тој е дециден дека нема да има пардон за никого. Спасовски потенцира дека не сака да разговара за „ситни или крупни риби“ кога станува збор за криминалец.

– Криминалец е криминалец. Зар мислите дека помал или поголем криминалец е тој што седи на некоја позиција од некој обичен граѓанин. Секој кој се занимава со криминал е криминалец и секој треба да носи одговорност. И затоа кажав и мој јасен став е дека мора да одговара секој што е инволвиран во тој случај, без разлика каде е на хиерархијата на државната поставеност, на колку висока позиција. Ако учествувал во ова и ако давал одредени насоки, одобрувања итн., ќе носи одговорност што сака нека е! Меѓутоа важно е да ги утврдиме сите докази и на основа на доказите да се носи таква одговорност. Нема да има пардон дали е политичар, дали е носител на функција, дали е од една или од друга политичка партија, воопшто не ме интересираат ниту партиите, ниту што било друго, туку да се утврди она што е интерес на граѓаните, истакна Спасовски.

Tags: случај „Онкологија“Спасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ