• Latest

Спектакуларна конвенција на американските Демократи: Камала на големата сцена

August 19, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ ИЗБОРИ ВО САД

Спектакуларна конвенција на американските Демократи: Камала на големата сцена

August 19, 2024 12:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Демократската конвенција што денеска започува во Чикаго и ќе трае до 22 август слободно може да се рече дека е еден од најголемите политички настани во Америка во пресрет на претседателските избори во ноември.

Над 5.000 демократски делегати, партиски функционери и гости се очекуваат да присуствуваат на националната Конвенција за поддршка и за номинација на Камала Харис за идна претседателка на САД. Се очекуваат околу 50.000 посетители, а во организацијата учестуваат и над 12.000 волонтери.

Конвеницијата ќе се одржи на две главни локации. Официјалните настани, говори и телевизиски гостувања во Јунајтед центар, а во МекКормик Плејс ќе се одржуваат партиски состаноци, консултации и брифинзи.

Vice President Kamala Harris (photo source: Executive Office of the President of the United States)
Камала Харис (извор: Кабинет на претседател на САД)

Важноста на Демократската конвенција

Традиционално, националните конвенции се дел од изборниот процес во САД. Доналд Трамп ја освои својата номинација во Милвоки во јули, на ист начин, од Републиканците.

Сепак, повлекувањето на претседателот Џо Бајден од изборната трка и позиционирањето на Камала Харис како кандидатка за претседателка на САД, со 99 отсто поддршка од Демократите, ја трасираше изборната трка на сосема поинаков начин.

Конвенцијата ќе започне со говорот на Бајден, а ќе заврши со номинацијата на Харис.  Утре се очекува поранешниот претседател Барак Обама да даде свој осврт, а ќе се обратат и  гувернерот на Илиноис, Ј.Б. Прицкер, и сопругот на  Харис, Даг Емхоф. Во средата, според Би-би-си, се очекуваат обраќања на поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.  Кандидатот за потпретседател на  Харис, гувернерот на Минесота, Тим Волц, ќе го одржи говорот во ударниот термин таа вечер по неговата номинација.

Во четвртокот се очекува официјално да ја презеде претседателската номинација и да одржи говор кој е најавен како посвета „За иднината“.

Камала Харис на големата сцена

Харис од самото повлекување на Бајден му даде поинаков тек на она што беше клучно за Демократите, но кое што претседателот не успеваше да го артикулира до крај. Таа испрати попрогресивна и јасна порака не само да поддржувачите, туку и до спротивната страна, дека е сериозен играч во изборната трка.  Порака која ја искажува нејзината заложба во битките за правата на аботртус, битката за слобода, понуди појасна економска агенда, како и се заложи за поинакво здравство, социјала…  Изборот на Тим Волц за потпретседател, уште повеќе ја зацврсти нејзината позиција кај Демократите.

Харис во нејзниот говор се очекува да ја исцрта трасата по која ќе се движи во трката против Трамп. По соочувањето со надежите кои ги полагаат Демократите во неа, следниот клучен наста ќе биде дебата во септември со Трамп и предвремено гласање во некои клучни држави. набргу потоа.

Очекувани протести

За време на Конвенцијата се очекуваат протести поврзани со војната во Газа. Од самиот почеток на 7 октомври, администрацијата на Бајден се соочува со жестока критика и постојани демонстрации во САД.

Некои од тие демонстрации беа отворено антисемитски, при што некои демонстранти изразија поддршка за Хамас, предизвикувајќи осуда од Бајден и Харис. Според организаторите, десетици илјади демонстранти се очекуваат да протестираат против поддршката на администрацијата на Бајден – најмногу преку продажба на оружје – на израелската војска и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Според Би-би-си, организаторите се „борат“ со градските власти на Чикаго околу просторот за протестирање.

Што друго може да се очекува на Демократската конвенција?

Можеби еден од најзначајните говори за Демократите ќе биде оној на Обама, отколку на актуелниот претседател Џо Бајден. Дваесет години откако тој изби на сцената како непознат законодавец од Илиноис со наелектризиран говор на конвенцијата и речиси осум години откако ја напушти Белата куќа, партијата повторно ќе се потпира на реторичката вештина на Обама.

Харис, со својот оптимизам во стилот на Обама, обликувајќи ја својата изборна кампања како борба за иднината,  дава историска можност Америка да избере претседателка, прва жена и тоа со индиско-американско потекло. 

Обраќањето на Обама и неконвенционалноста со која тој стана претседател, од една страна, и номинацијата на Харис, како борец за слобода, економски можности, репродуктивни и гласачки права и против вооруженото насилство, од друга страна, можеби ќе ги приближи повторно Демократите во духот на единството и желбата за подобр иднина.

На митинг во Филаделфија претходно овој месец, на кој таа го претстави Волц како нејзин кандидат, Харис изјави:

„Тим и јас имаме порака за Трамп и другите кои сакаат да го вратат часовникот наназад на нашите основни слободи: Не се враќаме назад“, рече таа.

CNN - Donald Trump - Kamala Harris/screenshot
Доналд Трамп-Камала Харис(извор: скриншот Си-ен-ен)

Харис, како поранешен обвинител и државен обвинител на Калифорнија, која ставаше финансиски и сексуалните престапници зад решетки, испрати порака против Трамп, кој е обвинет четири пати и чека казна откако беше осуден на судење за премолчувани пари во Њујорк:

„Работев со насилници од секаков вид – предатори кои злоупотребуваа жени, измамници кои измамуваа потрошувачи, измамници кои ги прекршија правилата за своја корист. Затоа, слушнете ме кога велам: Го познавам типот на Доналд Трамп“.

Пораката која Демократите се надеваат дека Американците ќе ја примат за време на Конвенцијата е дека изборот на Харис е избор на здраворазумска, храбра и сочувствителна лидерка.

Подготви: Б. Јордановска

 

Tags: Демократска конвенцијаИзбори во САДКамала Харисноминација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ