• Latest

„Специјалните операции“ против Македонија се „готват“ надвор со извршители од внатре

January 24, 2023
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Специјалните операции“ против Македонија се „готват“ надвор со извршители од внатре

January 24, 2023 11:55
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Иако претседателот на државата Стево Пендаровски во изјавата за медиумите после седницата на Советот за безбедност одржана на 23 јануари рече дека таа била посветена на „безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион“, и според редоследот како што ги наведе – претседавањето на нашата држава со ОБСЕ во чиј фокус е најголемата безбедносна закана после Втората светска војна заради воената агресија на Русија и ситуацијата на Косово, беше сосема јасно дека овој пат највисокото државно тело за безбедносни прашања, за централна тема го имаше „најновиот развој на настаните во односите со Бугарија“.

Еден краток и фактографски преглед на настаните од 14 јануари јасно ја предочува логичната потреба да се организира седницата на Советот за безбедност:

На 14 јануари европратеникот Александар Џамбаски по повод парастосот за Мара Бунева ги испрати најекстремните и најотровни пораки од позиција на голомобугарски национализам од главниот град на Северна Македонија.

На 15 јануари македонското Министерство за надворешни работи побара од Софија да се огради од изјавите на Џамбаски „заради недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“,

На 17 јануари бугарското МНР сe огради од изјавите на Џамбаски во Скопје и соопшти дека тие се „апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви“.

На 19 јануари вечерта беше претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Оваа низа и редослед на настани, „според достапните анализи и сознанија на надлежните органи“, рече на прес конференцијата претседателот Пендаровски се всушност „организирани активности од страна на структури во соседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачка рамка во јули мината година“.

Пендаровски откри дека „овие структури се веќе мобилизирани, и логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари, кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев“, и дека „според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува“.

Државниот врв е единствен за тоа кои се организаторите и причините

Она што претходеше на седницата на Советот за безбедност и на сознанијата искажани на прес конференцијата на Пендаровски, потврди дека државниот врв е единствен во проценката за организаторите и избвршителите на овие настани, кои, како што рече премиерот Ковачевски се спроведуваат „за одвлекување на вниманието од европската иднина на државата“

„Тие кои ги иницирале настаните не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Јасно ми е дека има тензија и дека има многу прашања на оваа тема. Мора да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни. Јас летово не седев и не преговарав во Брисел со 27 земји членки на ЕУ со едно горко чувство какво што делеа и нашите граѓаните, за сега да стоиме тука и да гледаме како бесмилосно направено насилство влијае врз сето она што е сработено и практично ја киднапира нашата меѓународна и европска иднина“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот и премиерот, иако и претходно навестуваа, овој пат отидоа и чекор понатаму во посочувањето центрите од каде што се иницираат или инспирираат овие настани, па така Ковачевски рече дека „членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат дека се поврзани со настаните кои се случија минатиот викенд во Охрид, но и со настаните претходно“, но ја спомна и Левица.

„Затоа, велам дека преку вакви активности нашата опозиција наликува на продолжена рака на Левица. Постојат два концепта, едниот е за европска Македонија, а вториот е бесмилосен национализам којшто замина од оваа држава заедно со нивниот вистински лидер“, кажа Ковачевски.

Особено значаен е делот на одговорот на Пендаровски на новинарско прашање каде што тој вели дела „руската разузнавачка служба стои зад структурите во Бугарија кои вршат антидржавна кампања кон Северна Македонија“, што претставува одреден континуитет на овој негов став, како што беше неговата изјава за протестите против „францускиот предлог“ минатото лето кога рече дека „Руската Федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог“ и дека „неколку дузини луѓе кои се дојдени од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите“

Да се адресираат и санкционифраат провокаторите

На седницата на Советот за безбедност, како што соопшти Пендаровски на прес конференцијата, биле разгледани и чекорите што ќе бидат преземени како одговор на „вакви организирани антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци“.

„Мој предлог до Владата, согласно одредбите на Законот за странци, е да му забранат влез во нашата земја на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Бугарија, заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава“, соопшти претседателот Пендаровски.

Ова се совпаѓа и со изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со која тој најави дека за „последен пат ќе влезе во државата секој оној кој Македонците ќе ги нарече Бугари или ќе каже дека Северна Македонија е бугарска“ и дека „тоа ќе биде сериозна основа државата да не дозволи негово повторно влегување во земјава, бидејќи ние не можеме нашите граѓани да ги изложиме на таква вознемиреност“.

Искусните хроничари на политичките настани во земјата и регионот се согласни дека ова се вознемирувачки настани и дека овие „специјални операции“ против Бугарија, кои се „готват“ надвор од Македонија со извршители од внатре, не се наивни, како што не беа наивни ниту во времето на Преспанскиот процес и други важни настани и клучни процеси за нашата земја.

Она што се очекува, нагласуваат тие е неопходноста од институционална рекација на грубиот атак против македонските национални интереси и дека адресирањетио и санкциите против провокаторите и насилниците ќе го ослободи политичкиот простор Владата на Северна Македонија и Владата на Бугарија да продолжат со позитивната агенда.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: безбедносна состојбабезбедностБугаријабугарски клубовиМакедонијаСовет за безбедност
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ