• Latest

Според 67% од граѓан(к)ите, во Македонија е невозможно да се вработиш без партиска припадност!

April 4, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Според 67% од граѓан(к)ите, во Македонија е невозможно да се вработиш без партиска припадност!

April 4, 2017 12:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ставовите на анкетираните граѓани кореспондираат со дијагнозата поставена во последниот извештај на Европската комисија, каде Македонија е дефинирана како „заробена држава“. Партикуларниот начин на владеење каде институциите работат на еден начин за една група на граѓан(к)и и на друг начин за други, е условот што треба да биде исполнет за една држава да се карактеризира како заробена. Ова беше презентирано на денешната панел дискусија „Што нé спречува во успешна борба против корупцијата“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

 

Дефинирајќи го поимот „заробена држава“, Миша Поповиќ од ИДСЦС, вели: „Заробена држава е состојба во која јавните институции работат за приватни интереси (елити, фирми, лоби групи…), и тоа, од полиција до републиката како државно уредување. Политичките елити ги киднапираат институциите за да работат во нивен интерес, најчесто во интерес на политичката партија на власт“.

Партикуларниот начин на владеење каде позицијата во општеството е пресудна за успех се рефлектира во сите сфери во општеството, велат од ИДСЦС.

„Што се однесува на перцепцијата на граѓан(к)ите, 75% сметаат дека корупцијата е веројатна. Во пракса, на 30% им било побарано мито, а само 1% од нив одбиле да дадат мито. Ова покажува дека граѓан(к)ите го очекуваат ова однесување и очекуваат ваков начин на владеење од институциите“, истакна Поповиќ.

Истражувањата кои се однесуваат на перцепцијата за корупција, покажуваат дека најраспространета дискриминација е по партиска основа, многу пред другите видови на дискриминација: расна, полова, верска…

Поради овие причини Македонија е позиционирана на 90 место во светот, според Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнел“.

„Во последните неколку години се забележува потфрлање во спроведувањето на надзорните и контролните надлежности: непреземање активности за следење на користењето на буџетски средства во време на избори, намалување на активности поврзани со следење на имотната состојба на избрани и именувани лица, опаѓање на бројот на барања за поведување прекршочни постапки и барања за кривично гонење“, вели Марија Саздевски од Македонскиот центар за меѓународна соработка, која се осврна на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Панел дискусијата е дел од серијата настани „Форум за анти-корупција во земјите од Западен Балкан“, поддржани од Советот на Европа и Интернационалниот фонд на Вишеград.

Tags: дискриминацијазаробена државаИДСЦСинституцииКорупцијапартиска припадност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ