Тажно е што сè уште сме општество кое не знае да се радува! Навикнати ли сме само на порази!? Наместо прослава на победата на нашата фудбалска репрезентација и зближување на сите, без разлика на етничката, верската, половата, родовата, навивачката припадност, ние сè уште не сме дораснати, се делиме на наши и на нивни…
Екипата на ЦИВИЛ која е составена од сите етнички заедници, по секој спортски натпревар, состанокот го почнува со дебатирање за инцидентите и скандирањата кои повикуваат на смрт, на поделби, омраза… Дел од тие што синоќа прославуваа им посакуваат смрт на Езџан Алиоски, Висар Мусли, Аријан Адеми, Енис Барди, Елиф Елмас… Им посакуваа смрт на оние што се дел од тимот заслужен за победата и радоста на сите граѓанки и граѓани на нашата земја!
„Фудбалската топка е посилна од атомската бомба“, се присети колегата Џабир Дерала на изјавата на коментаторот Миќа Орловиќ, цитиран во текстот на Дехран Муратов.
„До кога нема да може да се радуваме на успехот на нашите репрезентативци поради мала група која повикува на разделби, вели Диана Тахири.
Во Италија победи „едно општество за сите“, вели Драги Мишев.
Омразата и национализмот не можат да бидат посилни од заедништвото кое се гледа и во љубовта кон националниот клуб!
Нашето општество сигурно чекори кон развиениот демократски свет во кој се почитуваат различностите и додека има простор на националистите од било која етничка и политичка/навивачка група да повикуваат на смрт и гасни комори, ќе бидеме на ова дереџе во кое сме. Мора да профункционира системот и институциите да бидат на висина на задачата и да спречуваат било какви инциденти, а сторителите да добијат максимална казна. Политиката на неказнивост мора веднаш да запре!
За крај, погледнете ги овие две видеа и размислете околу разликата меѓу нив: