• Latest

Средба Иванов – Заев за избор на нов гувернер

May 7, 2018

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Иванов – Заев за избор на нов гувернер

May 7, 2018 07:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месецот, потврдија од кабинетот на премиерот.

Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција.

– Ова е сериозна институција, јас верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот којшто го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на парламентарното мнозинство да избере гувернер, изјави завчера Заев одговарајќи на новинарски прашања.

НБРМ кајрон.jpg

Оваа институција, дополни, мора да ја држиме професионална. Разговараме за експертски решенија, не за партиски решенија, кои што и понатаму би ја чувале монетарната политика стабилна, затоа што и нас како Влада тоа ни е од голема важност за да можеме да ги креираме другите економски политики, наведе Заев.

Тој вели дека за предлогот на Иванов се информирал од медиумите и оти немале повторна средба по одржаната во март кога шефот на државата му кажал со кого разговара и со кого имал намера да разговара.

– Тогаш заклучивме дека прво треба тој да разговара со актуелниот гувернер Богов дали ќе прифати. Ако прифати Богов и претседателот одлучи да го предложи, би ми соопштил мене за да разговарам со парламентарното мнозинство. Јас за одлуката слушнав од Собранието и од медиумите. Значи немавме втор разговор, за после неговата одлука да направиме фаза на подготовка, разговори со парламентарното мнозинство. Како за предлозите за Уставен суд, така се случи и со предлогот за гувернер на НБРМ, се информиравме од медиумите,  беше објаснувањето на Заев.

димитар богов    .jpgПретходно кабинетот на претседателот соопшти дека Иванов  повторно го предлага Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија, за што одлучил по консултации  со Сојузот на Стопански Комори, Стопанската комора на Македонија,Здружението на банкарството, МАНУ и со други релевантни фактори од оваа област, притоа водејќи се исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага.

– Водењето на монетарната политика и севкупното централнобанкарското работење во нашата држава, во континуитет е позитивно оценувано во извештаите на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија. Од 2015 година па наваму, Народната банка на Република Македонија, според оценките на ЕК, бележи одличен напредок во остварување на своите цели и задачи, во согласност и со законодавството на ЕУ. Во тој контекст особено е нотирано постигнувањето и одржувањето на ценовната стабилност, одржувањето на девизните резерви,  одржувањето на  фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото и користењето на операциите на отворениот пазар и задолжителната резерва. Позитивно се оценува и усогласувањето на правната рамка на монетарната политика со легислативата на ЕУ, и активностите за обезбедување  функционална и институционална независност на централната банка, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Богов, кој е гувернер на Народна банка на Република Македонија од 2011 година, неодамна во одговор на новинарско прашања рече дека очекува  нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ.  Институцијата, посочи, не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата.

Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер истекува на 21 мај годинава.

Согласно Законот за НБРМ, гувернерот се избира на предлог од Претседателот, кој го доставува до Собранието и се гласа на седница со просто мнозинство.

Пред Богов, досега функцијата гувернер на НБРМ ја извршуваа Борко Станоевски, Љубе Трпески и Петар Гошев. (МИА)

Tags: IvanovгувернерЗаевизборНБРМсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ