На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите – придонесувачи во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, јавува МИА.
„Министерката ќе учествува и на состанокот со земјите кои се дел од Регионалната команда Север, предводен од германската министерка за одбрана, Урсула вон дер Лејен. Во рамки на посетата, министерката ќе се сретне и со помошникот на генералниот секретар на НАТО за планирање и политика Хајнрих Браус и со помошникот на генералниот секретар за политички односи и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалес“, соопшти Министерството за одбрана.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.