Европскиот економско-социјален комитет при Европската комисија е дел од нивните редовни активности во рамки Комитетот за следење на земијте од Западен Балкан денеска организираше средба со граѓанските организации во Македонија.
Средбата,, тематски, беше поделена на три дела. Во првиот дел Меди Шарма, претседател на Комитетот за следење на земијте од Западен Балкан и Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернашнл, Македонија, зборуваа за интервенциите на граѓанските организации во поддршката на владеење на правото и борбата против корупцијата.
Во вториот дел, Џабир Дерала, од ЦИВИЛ -Центар за слобода, зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации, а во третиот дел за медиумските слободи зборуваше Билјана Петковска од МИМ.