• Latest

Срѓан Керим фатен во орото со Орце Камчев

August 4, 2023
Војо Маневски

Ќе се вложуваат ли пари во образованието?

May 31, 2025

Студентите во блокада одржаа протест во Белград, бараат распишување предвремени избори за Парламентот

May 31, 2025
Фотографија: МИА

Протести во Бугарија против воведувањето на еврото

May 31, 2025
Фото: Принтскрин

Јулија Навални отвора телевизија за слобода на медиумите во Русија

May 31, 2025

Симовски: Клучот за подобрување на состојбата со демографската старост во земјава е влезот во ЕУ

May 31, 2025

🎙️ КОЛЕГИУМ: Од скандали до геополитика – сè што (не)сакаш да знаеш, а медиумите го кријат

May 31, 2025

Трамп ќе ја задржи традицијата американски генерал да биде врховен командант на НАТО

May 30, 2025

Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

May 30, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари најави можна соработка со ДУИ и ВЛЕН на изборите во Кичево

May 30, 2025

Илјадници српски студенти и граѓани протестираа во Белград, бараат предвремени избори

May 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Срѓан Керим фатен во орото со Орце Камчев

August 4, 2023 11:02
in АНАЛИЗИ, АНТИКОРУПЦИЈА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Кривичната истрага која што со години наназад се водеше за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“, Орце Камчев, кого САД го ставија на црната листа за корупција, поткуп, перење пари, како и за неговиот долгогодишен соработник, Срѓан Керим, некогашниот косопственик и директор на МПМ, кој пак се сомничи за три кривични дела, иако финишираше некаде кон крајот на април минатата година,  македонската јавност се уште не виде ниту обвиненија, ниту рочишта, а уште помалку пресуди.

По означувањето на Јордан „Орце“ Камчев на црната листа на САД од страна на американското Министерство за финансии, и пораките упатени од амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, дека црната листа на САД ќе се прошири, и ќе ги опфати соработниците на Камчев во неговите криминални зделки, па сега топката е кај надлежните македонски органи и институции. Тие треба да постапат без оглед на позицијата, политичката припадност или времето на злоупотребите што остава без сон повеќе соработници на македонскиот тајкун кои во блиското, но и далечното минато имале некакви сомнителни зделки со него.

На листата, која воопшто не е мала има и соработници за кои веќе се воделе долготрајни кривични истраги, но истите не завршиле со конечно подигање на обвинение, кое најверојатно е или загубено низ судските лавиринти, или оставено да фаќа пајажина во најтемните ќошиња во некоја фиока од бирото на судиј(к)а од „тефтерчето“.

Заедно со Орце Камчев, како што посочува и порталот „Правосудство“, Срѓан Керим од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е осомничен за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“!

Како резултат на наведените кривични дела на сопственичко-директорското трио: Орце Камчев, Срѓан Керим и Јана Станисављева згаснатите дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и неделникот „Теа Модерна“, а без работа  останаа неколкуте стотици новинари и техничкиот персонал вработените во „Медиа Принт Македонија“, на што му „кумуваа“ и некои лојални ховинари/уредници, и печатницата „Графички центар Скопје (ГЦС), во сопственост на МПМ.

СОПСТВЕНИЧЛО- ДИРЕКТОРСКА СТРУКТУРА НА МПМ: Јана Станисављева, Орце Камчев и Срѓан Керим
НОВИНАРСКО-КАПИТАЛИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА: Новинарката Соња Крамарска со „ѕвездени“ скокови до уредничка позиција.

По завршувањето на истрагата, поднесувањето на обвинение за Срѓан Керим, но и за Јордан (Орце) Камчев и за Јана Станисављева требаше да се случи најдоцна до крајот месец мај 2022. Истото, до ден денешен, 3 август 2023 година, не излезе на виделина пред јавноста..

Случајот на „МПМ“ беше отворен кратко време по завршувањето на штрајкот на вработените, но предистрагата за криминалите во фирмата започнаа уште на 17 февруари, кога и започна штрајкот. Тој ден, во просториите на „Медиа Принт Македонија“ влегоа истражители на тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) со цел да утврдат како дошло до тоа фирмата да ја финансира изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со 300.000 евра, а нема пари за да продолжи со работа.

Фото: Срѓан Керим фотографиран на излезот од СЈО со адвокатот Антонио Апостолски

Медиа принт Македонија  (МПМ) беше основана од Медиумската групација ВАЦ која влезе на македонскиот медиумски пазар во 2003 година преземајќи ги мнозински удели во трите дневни весници: Дневник, Утрински весник и Вест.

Групација ВАЦ ги продаде своите друштва во Македонија на Орка Холдинг со седиште во Скопје. Купопродажната цена на зделката не е објавена, бидејќи двете страни одлучиле да го задржат правото на дискреција

Срѓан Керим, некогашниот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи, во Медиа Принт Македонија e од првиот ден, односно од влегувањето на германскиот ВАЦ и основањето на фирмата во 2003 година. Од менаџерската позиција истапи во пресрет на кандидатурата за прв човек на Светската организација во февруари 2016 година и формално стана советник во Владата на времениот премиер Емил Димитриев.

По излегувањето на Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев од сопствеништвото на фирмите кои се поврзуваат со весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“,  од 2017 година Срѓан Керим е единствениот кој останува во сопственичката структура на МПМ, а по повлекувањето на Јана Станисављева  од местото директор на МПМ, на нејзина позиција доаѓа Керим.

Заплетканата шема со сопствеништвото на медиумите ја збунуваше јавноста, па така, како стопроцентен сопственик на МПМ се јавуваше фирмата „Графички центар“, чии сопственици остануваат „Телеграф“ (со удел од 3,4 милиони евра) и „Мирекс“ на Срѓан Керим (со удел од 1,7 милиони евра) и „Интерент Инвестмент Груп“ во сопственост на Јана Станисављева.

Сопственик на „Телеграф“, пак, е МПМ, што значи дека оваа компанија се јавува и како мајка и како ќерка во мрежата од компаниите кои се поврзуваат со издаваштвото на медиумите.

Со оглед на тоа што секаде основачите на овие фирми се други фирми, Керим е единственото лице што ги обединува – како директор на МПМ и како основач на „Мирекс“.

Името на Керим, кој веќе неколку години живее во Опатија и има хрватско државјанство, се поврзуваше и со аферата „Евра во шише“, бидејќи во 2008 унгарските цариници открија 750.000 евра во кеш кај возачот на Срѓан Керим во „Медиа принт Македонија“, пари кои тој, иако имал обврска, сепак не ги пријавил кога ја преминувал границата. Возачот пред унгарските власти објаснил дека еврата ги носи од МПМ во централата во Виена.

Иако унгарските власти есента истата година ја информирале македонската Управа за спечување на перење на пари, во тоа време УЈП ја затвори аферата со информација дека инволвираните лица немале поголем имот од оној што бил оданочен.

На листата пријавни како сторители на крвично дело: оштетување или повластување на довертели, односно за претрпена штета од над 300.000 евра, освен поранешните први луѓе на „Медиа Принт Македонија“, Камчев, Керим и Станисављева, се појавува и Мирослав Његач, тогашен управител на Графички Центар Скопје (ГЦС).

Фото: Возилата на МПМ дистрибуција пред Графички Центар Скопје

Во кривична пријава која датира уште од 2018 година, се однесува на поранешните први луѓе на МПМ, и е поднесена од приватна фирма, се однесува за кривично дело: оштетување или повластување на доверители, се опфатени и лицето Мирослав Његач и уште едно НН лице, вработено во „Стопанска банка-Скопје“, а сите тие се товарат дека оштетиле приватна фирма за повеќе од 300.000 евра.

Фирмата, која се јавува како подносител на кривичната пријава, имала повеќегодишна деловна соработка со „Медиа принт Македонија“ (МПМ), но кон крајот на 2014 година, печатницата „Графички центар Скопје“, ( ГЦС), која е дел од фирмата на Камчев и Керим, почнала да доцни со плаќањето на фактурите.

„Во Графички центар, во тоа време, па се до отворање на стечајна постапка, управител е лицето Мирослав Његач, формален сопственик е МПМ Скопје, во сопственост на единствениот содружник Срѓан Керим, а неформален сопственик и управител бил Јордан Камчев, со кого оштетеното правно лице водело преговори за деловна соработка плаќање“, се вели во дел од кривичната пријава. Според наводите на пријавата претставниците на фирмата имале повеќе средби со Јордан Камчев и Мирослав Његач, но дека и покрај бројните ветувања плаќање на фактури немало, а тие само били залажувани.

На почетокот на 2017. година, сопственикот на фирмата подносител на пријавата овластил адвокат кој, пак, во законска постапка требало од МПМ,  да наплати над 300.000 евра врз основа на главен долг, камати и на име трошоци за водењето на постапката.

Секако, МПМ не уплатило ниту денар, па извршителка и адвокатот се упатиле кон печатницата Графички центар, но пријавениот Његач не им дозволил влез во делот каде што биле сместени машините за печатење. Извршителката побарала полициска асистенција. Таа била ветена, но полициски службеници не се појавиле за да асистираат. Некако во исто време, сега пријавените, успеале да ги запишат машините во Заложен центар, а во корист на Стопанска банка, како обезбедување за веќе подигнат кредит.
Кога на 10. мај 2012. година и формално ќе биде отворен стечај за „Графички центар“, побарувањата за наплата, од повеќе од 300.000 евра, ќе бидат признаени од стечајниот управител, но нивната наплата ќе остане нереализирана.

Тркалото сепак се врти. Сега веќе пријавениот за оштетување или повластување на доверители, Мирослав Његач, во тоа време преставник на печатницата “Цетис принт”, во септември 2011 година, се појавува меѓу првите сведоци што во Кривичниот суд ќе дадат свој исказ во врска со случајот „Пајажина“, кој се однесува, за иронијата да биде поголема, на побарувањата што неговата фирма ги имала од фирмите од “Перо Наков” на Велија Рамковски, кои беа блокирани поради сомнежите дека нивните управители затајувале данок, переле пари и организирале злосторничко здружување.

Сега на надлежните за спроведување на законите, на правосудството, на останатите владини претставници е да преземат натамошни активности за расветлување на криминалните дејанија на Камчев и другарчињата и нивна разрешница со судски пресуди.

Македонското правосудство во моментов е на колективен годишен одмор. По нивното враќање од одморот, исончани и освежени, целата македонска, но и светска јавност очекува да ги засукаат ракавите и конечно да стават крај на судско-корупциско-криминалната сага на големиот македонски бизнисмен и неговите соработници. Во спротивно, црната листа може лесно да се прошири, токму со нив самите.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: кривична истрагаМПМОрце КамчевпресудиСрѓан Керимцрна листа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, за локалните избори најави соработка и со ДУИ и со „Влен“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ