(МИА) Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не избра нов лидер на вонредниот Конгрес на синдикатот одржан во Охрид на 10 ноември. Немаше гласање по најавената точка од предложениот дневен ред за избор на претседател на синдикалното здружение, поради бурните реакции на дел од делегатите кои го сметаат недемократски изборот на претседател со само еден предложен кандидат.„ССМ е демократска организација, која ќе ги запази демократските процеси при изборот на претседател. Новиот претседател ќе биде избран согласно актите и документите на ССМ, но и на меѓународните стандарди“ – изјави претседавачот на Конгресот, Роберт Симоновски од Синдикатот за енергетика.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.