• Latest

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ со стабилен изглед

August 20, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ со стабилен изглед

Инфлацијата ќе опаѓа како што се намалуваат ценовните притисоци, се вели во извештајот, во кој се додава дека ризиците произлегуваат од руско-украинскиот конфликт и дека напредокот во процесот на ЕУ интеграцијата е основа за структурен и институционален развој што би ги поддржале економските перспективи.

August 20, 2022 10:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот на Агенцијата, се должи на проактивното креирање политики на Владата за ублажување на кризата произлезена од руско-украинската војна. Агенцијата ги истакнува и напорите на Владата во насока на зајакнување на системот на јавни финансии, како што е новиот Закон за буџети којшто предвидува  реформи во насока на буџетското планирање и контрола на реализацијата, пренесува МИА.

– Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од руско-украинската војна, енергетската и ценовната криза е од исклучително значење, бидејќи претставува позитивен сигнал и јасен показател за довербата на инвеститорите во политиките што се водат во земјата, велат од Министерството за финансии.

Во извештајот се оценува дека земјава ќе ги надмине влијанијата од конфликтот во Украина и дека се очекува растот на економијата да зајакне во 2023 година, по прогнозираното забавување на растот во 2022 година.

– Инфлацијата ќе опаѓа како што се намалуваат ценовните притисоци, се вели во извештајот, во кој се додава дека ризиците произлегуваат од руско-украинскиот конфликт и дека напредокот во процесот на ЕУ интеграцијата е основа за структурен и институционален развој што би ги поддржале економските перспективи.

Од „Стандард и Пурс“ за дефицитот посочуваат дека тој во 2022 година ќе изнесува 5,1 проценти со постепена консолидација во наредните четири години. Зголемувањето се должи на потребата да се обезбедат средства за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и подобрување на животниот стандард, повисоки пензии, ликвидност на стопанството, субвенции во земјоделскиот сектор.

Од Агенцијата наведуваат дека нето-приливот на странските директни инвестиции останува висок и изнесува 100 милиони евра само во првиот квартал од годинава. Дополнително, како што се вели, Владата на Северна Македонија има за цел да ја зачува атрактивноста за странските директни инвестиции, а неодамна најави отворање на прва високотехнолошка економска зона-Скопје III.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа и е еден од клучните индикатори што потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, државата во континуитет го има од 2013 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ