• Latest

Стартува кампањата за пописот: „Тука живеам, одлучувам, постојам“, ДЗС демантира дека има проблеми со апликацијата за самопопишување

March 5, 2021

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Стартува кампањата за пописот: „Тука живеам, одлучувам, постојам“, ДЗС демантира дека има проблеми со апликацијата за самопопишување

March 5, 2021 09:47
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам“ почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Во меѓу време, продолжува онлајн самопопишувањето на нашинците од странство преку соодветната апликација, на која до вчера до 8 часот се попишале 22.253 лица.

Кампањата „Тука живеам, одлучувам, постојам“ е креирана и спроведена од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија.

Директорот на Агенцијата, Еран Куртиш посочи дека сите етнички заедници се важни и придонесуваат за социо-економскиот, културниот, правниот како и политичкиот раст на земјата, па затоа е важно е „на пописот да покажеме дека ние тука живееме, одлучуваме, постоиме“.

– Затоа е многу важно да се почитува Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија со кој се уредува остварувањето, унапредувањето и заштитата на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 проценти, а се загарантирани со Уставот, како и надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон и законите со кои се утврдени тие права, додава Куртиш.

Пописот беше тема и на вчерашната средба на претставници на повеќе помали етнички заедници во земјава со националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и координаторката на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика (ДЗС), Јасмина Ѓоргиева.

Учесниците на средбата, на која присуствуваа претставници на заедницата на Египќаните, Црногорците, Ерменците, Русите, Унгарците и Словенците во нашата земја, се согласија дека е од исклучителна важност статистичката операцијата попис на населението, домаќинствата и становите да биде успешно спроведена во насока на создавање на конкретни политики за успешно остварување на заложбите на Владата интегрирани во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година.

Во меѓу време, Државниот завод за статистика и ги отфрли како лажни информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство, посочувајќи дека динамиката на попишување се одвива успешно и дека досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората.

– Овој период во јавноста се лиферуваа низа шпекулации и дезинформации поврзани со најважната статистичка операција. Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број. Ова не е возможно, ниту видовме каков било доказ или print screen за вакво нешто. Сакаме јавноста да знае дека апликацијата не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите. Внесувањето на податоците и матичниот број е одговорност на секој поединец кој пред Законот е обврзан да внесува точни и проверени податоци, наведува ДЗС.

Според Заводот, внесените податоци од друга ИП адреса преку ВПН врска на Апликацијата за самопопишување, не претставува дополнителен ризик за Апликацијата, туку одговорност за самиот попишувач.

Попишувањето од странство преку електронската апликација започна на 1 март, а опфатени се вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства, како и македонските граѓани кои престојуваат во странство поради работа или други причини подолго од 12 месеци. Попишувањето на овие граѓани ќе се врши до 21 април.

До апликацијата за попишување наменета за дијаспората може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со закон.

Предвидено е собраните податоци преку апликацијата да се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку апликацијата, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија.

Партијата Левица вчера одново побара пописот да биде итно прекинат и тој, со нов закон, да биде спроведен по подобрувањето на состојбата со пандемијата.

– Потсетуваме дека овој  Закон за попис, Левица го оспори пред Уставен суд поради неколку причини: прво поради тоа што спроведувањето попис во време на пандемија е сулудно, особено во состојба кога Владата нема набавено ниту една единствена вакцина. Понатаму, овој Закон е спротивен на задолжителните норми на меѓународното право и на стандардите на Еуростат – тој нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население. Исто така, Законот ја повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци и воедно предупредуваме дека резултатите од ваквиот попис ќе бидат груб фалсификат и истите ќе бидат искористени единствено во служба на легитимирање на дополнителните политики кои власта ги планира, а со кои системски и намерно државата се води кон дезинтеграција, се наведува во соопштението на политичката партија Левица.

Од друга страна, лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев вчера во името на Националниот Блок „Не отворам врата“ информира дека доставиле Изјава за одговорност на сите членови на Владата доколку спроведе попис во април, со цел, „доколку 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони заразат кого било, тогаш членовите на Владата лично да сносат морална, материјална и кривична одговорност“.

– Ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи живото-загрозувачкиот попис во април. Во земјата владее тешка здравствена состојба. Кризата со коронавирусот се шири со нови заболени, но и смртни случаи. Сега е најважно здравјето. Здравјето на народот не трпи политички калкулации. Одложување на пописот е единствен начин да го заштитиме народот, изјави Бачев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ